Еве начекав некои интересни, избери си која сакаш
.
Кај оваа првата можеш за операциски засилувач да искористиш било кој, NE5532, TL081, кој и да е, само да биде двоен или четворострук, ако сакаш да имаш стерео излези се разбира
. Исто така не мора тој кондензаторот од 5uF да биде 5uF, може и 100nF да биде, не е проблем
.
http://skema-amplifier.blogspot.com/2010/11/9-volt-headphone-amplifier-ne5534.html
Е оваа е подобра од претходната бидејќи е со NE5532, па можеш да ја напојуваш и од напојување за PC
. Не се секирај за влезовите, можеш директно да врзеш вакви два засилувачи еден за друг паралелно за да можеш да имаш два засилувачи за слушалки
.
По правило, треба да има buffer колото, а баферот теба да изгледа како на сликата погоре, значи да има еден операциски засилувач на влез од двете кола кои ќе го вршат засилувањето за левиот (или десниот) канал од слушалките, само што на оваа шема ќе треба на влезот да се додаде и кондензатор од 100nF пред влезот каде што пишува Input. Како и да е, може да се работи без тоа коло (иако „школски“ ако се работи, мора да се стави), но како што реков, не мора
.