Ја направив првата од новата тура свеќички, еве ја step by step мојата изведба.
Потребен материјал - металното куќиште од стара потрошена свеќичка + парче тенок лим
Лимот го сечеме кружно според димензии на металното куќиште, со тоа што му оставаме ве ушки преку кои подоцна ќе се заштрафи за куќиштето - кој сака може на крајот да го залепи со пластика, наместо да го штрафи, ама при евентуално отварање некогаш полесно е ако е заштрафено
Ги бушиме дупчињата за штрафовите и во средината бушиме дупка низ која ќе проаѓа лед-диодата. Еве како изгледа све спремно за монтирање
Електрониката ја сместуваме внатре внимавајќи да нема кратој спој со куќиштето и ја заливаме со пластика. Јас имам ставено и подножје за пикот, за ако некогаш ми затреба да можам да го извадам. Исто така, наместо BS170 имам ставено BC548, отпорниците се 100 оми (бидејќи користам 3mm LED) и го немам ставено 7805 стабилизаторот (бидејќи сите свеќи ќе бидат приклучени на стабилизиран извор 5V)
После ова ги штрафиме двата дела заедно и се добива ова, готова свеќичка спремна за употреба
Иначе комплет од 6 вакви свеќички (со вградена батерија и полнач) во EMI коштаат над 3000ден., а во HUBO уште повеќе