Author Topic: Барање  (Read 2270 times)

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Барање
« Opened on 17.10.2010, Sunday, 11:18:26 »
Моето барање се однесува на намалување на бројот на постови што треба да ги имаш за да може да го гледаш ВИП делот оти вака ми се случува да неможам ни пола од коментарите да ги видам а имам и теми отварано или коментирано во тој дел   >:( .
А и пред неколку дена отворив тема со слична содржина на оваа и ми ја избришавте без известување зошто тоа е направено па макар и по пп  ??? .

Значи не се работи за тоа дали јас лично ќе имам или не пристап во ВИП делот ама 500 пораки мислам дека е преамбициозно и нели мислите дека повеќето од членовите ќе пишуваат пораки само за да се стаса до таму а со тоа и да се изгуби на квалитет а да се добијат голем бр. на постови . Размислете сепак Вашиот збор е последен и одлуката е само Ваша ама јас сметам дека треба повеќето од посетителите на форумот да бидат задоволни а не само поединци .

Затоа предлагам да се врати старото решение со 100 поста за кои јас лично тврдам дека е многу тешко да се достигнат , или барем тие што веќе имале таму пристап да си го задржат оти потешко е нешто да имаш па да го изгубиш отколку ниогаш да не го имаш .

Ако и оваа порака ми ја избришете без образложение во знакна протест засекогаш го напуштам форумот.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Барање
« Reply #1 on 17.10.2010, Sunday, 11:44:38 »
Вака јас сум член на форумот 10 мес. и за тоа време имам направено само 150 поста што значи дека ќе ми требаат 3год. за да стасам да ВИП делот.

Offline Ilcebt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 278
  • Gender: Male
Одг: Барање
« Reply #2 on 17.10.2010, Sunday, 11:49:23 (Edited 17.10.2010, Sunday, 12:30:23) »
И мене ќе ми требаат толку време за да стигнам ама тое, не ќе пишувам глупости на некои теми колку да правам постови.
Кога ќе стигнам тогаш ;D
Кога ќе дојдеш да читаш на форумот не дреми и не биди скржав. Помагај и ќе ти биде помогнато ! Правила ;)

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Барање
« Reply #3 on 17.10.2010, Sunday, 11:59:29 »
Quote
И мене ке ми требаат толку време за да стигнам ама тое,
Кога ќе стигнам тогаш

Значи јас не ги гледам работите така како тебе затоа што секогаш во животот треба да се бориш за тоа што го сакаш или во најмала рака да ги промениш работите на подобро и во твоја полза, оттука е и моето барање за кое мислам дека е праведно и фер.

Напомена : Секоја чест за поискусните и оние кои го поминале лимитот од 500 и ова да се знае не е барање против нив туку за и оние кои не се толку добри да имаат пристап до проверени и точни информации .

се надевам дека се разбираме .

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Барање
« Reply #4 on 17.10.2010, Sunday, 12:04:51 »
Моето барање се однесува на намалување на бројот на постови што треба да ги имаш за да може да го гледаш ВИП делот оти вака ми се случува да неможам ни пола од коментарите да ги видам а имам и теми отварано или коментирано во тој дел   >:( .
Koга некој човек ке се обиде да излаже и биде фатен тој ја губи довербата кај останатите луѓе. Проверив и видов дека немаш ниту една тема отворено во ВИП делот!

А и пред неколку дена отворив тема со слична содржина на оваа и ми ја избришавте без известување зошто тоа е направено па макар и по пп  ??? .
Темата беше избришана поради кршење на правилата за постирање, од тебе не добивме извинување за истиот прекршок.

Ако и оваа порака ми ја избришете без образложение во знакна протест засекогаш го напуштам форумот.
Твое право


ВАЖНО
За сите останати членови

Почитувајте ги правилата (посебно: не се расправајте со никого и не ги повторувајте грешките) и уште една работа ПОМАГАЈТЕ без обзир кој член бара помош и ке влезот за ВИП делот ке ви биде овозможен. Сепак администрацијата гласа за секој член да влезе во ВИП делот.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Барање
« Reply #5 on 17.10.2010, Sunday, 12:12:21 »
Quote
Твое право


ВАЖНО
За сите останати членови

Почитувајте ги правилата (посебно: не се расправајте со никого и не ги повторувајте грешките) и уште една работа ПОМАГАЈТЕ без обзир кој член бара помош и ке влезот за ВИП делот ке ви биде овозможен. Сепак администрацијата гласа за секој член да влезе во ВИП делот.

Нити сум се расправал нити сум имал таква намера ако го навредив членот (колегата) јавно му се извинувам .

А и барањето погрешно се разбра па така да што е тука е .

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: Барање
« Reply #6 on 17.10.2010, Sunday, 13:48:20 »
Јас одстрана гледам и бележам што се случува, бидејќи оваа работа е актуелна помеѓу нас членовите кои имаме помал број постови ;)
И јас имам едно прашање дали ке може да отвориме нова тема за тоа да се гласа дали ке може со 100 или со 500 поста да имаме пристап до вип просторот ?
И уште нешто дали администраторите ке може да гласаат за влез во вип-просторот со помал број на постови - 300 (на пример) ;D ?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Барање
« Reply #7 on 17.10.2010, Sunday, 15:43:47 »
вака сега да не речите дека бранам едни а напаѓам други
јас сум за сите еднаков

1. зошто ти беше избришана пораката,
во правилата јасно стои што како ти ги прекрши темата беше избришана.

2. Зошто одлучивме да го зголемиме бројот на постови за влез
едноставно во последно време откако сите разбраја дека требаат само 100 поста почнаа да спамираат и да пишуваат чудни коментари
ај објаснете ми ви се молам каков коментар е тој составен само од едно смајли ?

3. До сега имаме отстапувано од повеќе правила ( администрацијата ) значи, доколку некој член заслужи да влезе во вип не мора да има 500 мислења, има неколку такви члена кој се покажаа како добри квалитетни, а гледаме дека некако споро полнат мислења така да ние му дадовме вип и на помалку.

4. Ако дозволиме да кој имал таму да си го поврати вип-от нема ништо да постигниме, пак спамерите ќе го добијат она што го бараат

не е важно колку мислења имате важно е тие да се квалитетни и исправни, да сте примерни членови ( ова да не се карате и да не правите глупости ) па после се друго ние ќе средиме!

тој што ќе си се препознае во постов, нека му служи на честа ..
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Барање
« Reply #8 on 24.10.2010, Sunday, 09:41:55 »
Моето барање се однесува на намалување на бројот на постови што треба да ги имаш за да може да го гледаш ВИП делот оти вака ми се случува да неможам ни пола од коментарите да ги видам а имам и теми отварано или коментирано во тој дел   >:( .

Мене цело време во „Нови одговиори на мои мислења“ ми стојат теми кои се во VIP просторот  :D :D - ем не можам да ги прочитам ем не можам да ги тргнам   ;)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Sajko

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 126
  • Gender: Male
Одг: Барање
« Reply #9 on 24.10.2010, Sunday, 10:11:08 »
Јас го почитувам барањето на колегата Zdravkovski , ама имам малку поразличен предлог, VIP да станат само оние членови кои се најактивни на форумот не по бројот на постови туку по нивната активност во темите каде што помагаат на останатите поставени прашања(еден пример е колегата DARK кој има лично помогнато на одреден процент од членовите на форумот меѓу кои и на мене) со тоа би се намалил бројот на глупави постови од типот “Топ е појачалцево“, “Лелееееј какво е“ итн.
R135
└┼┼┤
  246

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Барање
« Reply #10 on 24.10.2010, Sunday, 10:13:35 »
па тоа планираме да направиме и да има малку мислења ќе добие ВИП но претходно мора да се докаже како добар член
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Барање
« Reply #11 on 24.10.2010, Sunday, 10:44:07 »
Јас го почитувам барањето на колегата Zdravkovski , ама имам малку поразличен предлог, VIP да станат само оние членови кои се најактивни на форумот не по бројот на постови туку по нивната активност во темите каде што помагаат на останатите поставени прашања(еден пример е колегата DARK кој има лично помогнато на одреден процент од членовите на форумот меѓу кои и на мене) со тоа би се намалил бројот на глупави постови од типот “Топ е појачалцево“, “Лелееееј какво е“ итн.

Се сложувам со тебе.
Јас за да го зголемам бројот на постови можам да пишувам такви коментари или да ставам коментари само со едно смајли.. или да пишувам во Општа дискусија да ставам клипчиња и зафркнции... Се тоа ќе ми се брои како пост, и на 500 автоматски ќе влезам во VIP делот, а некој што има помал број поквалитетни постови нема да може да влезе.
Но, без разлика, јас првенствено на форумов сум затоа што сакам нешто повеќе да научам, ако знам нешто да помогнам, а дали сум бил во VIP делот, не ми значи многу.. ( што не значи дека не сакам да бидам ;D ;D) ама тоа е..
Life is too short to remove USB safely ..

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Барање
« Reply #12 on 24.10.2010, Sunday, 11:00:33 »
Quote
Се сложувам со тебе.
Јас за да го зголемам бројот на постови можам да пишувам такви коментари или да ставам коментари само со едно смајли.. или да пишувам во Општа дискусија да ставам клипчиња и зафркнции... Се тоа ќе ми се брои како пост, и на 500 автоматски ќе влезам во VIP делот, а некој што има помал број поквалитетни постови нема да може да влезе.
Но, без разлика, јас првенствено на форумов сум затоа што сакам нешто повеќе да научам, ако знам нешто да помогнам, а дали сум бил во VIP делот, не ми значи многу.. ( што не значи дека не сакам да бидам) ама тоа е..

Постовите што ги пишувате, а се само едно смајли или нешто напишано ради реда, нема да се земат во предвид при аплицирање за влез во ВИП делот, а тоа дека секој автоматски ќе влезе со 500 поста не е така, прочитајте ги правилата! Тие што заслужуваат влез секако ќе го добијат и без тие 500 постови.

Новите правила за пристап до VIP секцијата од форумот се следните:

- Членот да се нема спречкувано (карано) со друг член од форумот или администратор/модератор.
- Членот да ги почитува правилата на форумот.
- Членот да биде релативно долго време активен член на форумот (да биде активен член барем два или три месеци).
- Членот да не подлежел на санкции од страна на администарацијата за време на неговиот престој на форумот (во оваа катергорија се сметаат и привремените банови).
- Членот да се покажал како културен, добар и хуман (под хуман се подразбира помагање на другите членови на форумот и да не го крие неговото знаење).
- Членовите кои упорно ја молат администрацијата за VIP пристап, само си ги намалуваат своите шанси за пристап кон истиот.

Правилата ако се почитуваат и членот има над 500 оставени коментари може да аплицира за влез во ВИП делот и потоа администрадијата на форумот ги прегледува неговите коментари, доколку во тие 500 поста нема спам пораки, непотребно напишани пораки или нивниот број е мал администрацијата на форумот дискутира за влез во ВИП делот на членот а потоа се оди на гласање. Доколку администрацијата изгласа членот да има влез во ВИП делот, дозволата за користење се доделува веднаш по изгласувањето а членот ке добие известување дека има влез во ВИП делот.

Олеснителни правила за членовите со квалитетни коментари
На форумот имаме членови кои ги почитуваат сите горе-наведени правила но го немаат ни приближно до бројката од 500 коментари а коментарите кои ги има содржат квалитетни содржини кои се од полза за други членови, администрацијата ке го стави на гласање тој член, доколку членот е изгласан, ВИП делот веднаш ке му биде овозможен а и ке му биде пратено известување по лична порака дека има влез во ВИП делот.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Барање
« Reply #13 on 24.10.2010, Sunday, 19:21:49 (Edited 24.10.2010, Sunday, 19:26:48) »
Sajko без фаворизирање на поедини членови. Ние гледаме и водиме статистика кој член во кој момент како се однесува на форумот без разлика дали се работи за делумно помагање, безрезервно помагање активност, култура, смиреност и се останато. Правилата за влез во ВИП делот се дефинирани и мислам дека се добри бидејки има членови кои навистина оставаат малце коментари но тие коментари и тоа како вредат па зошто да не им дадеме пристап во ВИП делот. Видете ги правилата постирани од колегата ЛодрЗи.

MarkoMK:
Правилата за користење на форумот кажуваат што значи тоа да се напише едно смајли.

Постовите од темите за клипчиња и зафрканции може да не се евидентираат, и да не се бројат.

Со 500 постови не влегува автоматски во ВИП делот а тој што има малце но квалитетни постови сега е во ВИП делот, имаме такви членови! Пак ке ти кажам прочитај ги правилата.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Барање
« Reply #14 on 26.10.2010, Tuesday, 18:02:58 »
Темава ја заклучувам, доколку некој мисли поинаку нема ме извести по ЛП
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.