Многу одамна го добив по мејл овој проект лично од др. Бора, со напомена да биде само за лична употреба, но мислам дека сега веќе може да оди јавно, особено бидејќи и самиот автор има нешто многу слично објавено на нашиот форум:
http://elektronika.mk/index.php?topic=12598.0Целокупната изведба е со логички кола без микроконтролер. Плочката долго време ми стоеше 95% пополнета и залемена, па конечно решив да ги искористам овие карантински денови да ја финиширам
. Иначе комплетна шема, плочка, распоред на делови, детално упатство за правење и подесување има во архивата најдоле, па не би ги повторувал овде. Да напоменам само околу транзисторот BF246, бидејќи немав таков ставив BF245 кој има поинаков распоред на изводите, ако ставате таков треба да внимавате на тоа. Стабилизаторите 7812 и 7805 се лемат од долната страна и се штрафат на кутијата (метална) за да се ладат.
Изглед на склопениот модул:
Делот околу UHF влезот. кондензаторите треба да се SMD:
1MHz на пониското HF подрачје:
25MHz на HF и UHF подрачјата:
Иначе на сликите фреквенцметаот не е сеуште подесен, само го пробав тример кондензаторот и со него може да се подесува фреквенцијата горе или доле, финалното подесување ќе биде кога ќе го ставам во кутија и сите делови, трафо, прекинувачот за подрачја, конектори и сл. ќе бидат фиксирани
.