Јас имав направено таков, со години работеше беспрекорно на мојот мотор (MZ250), иначе мојот беше со два тастер-прекинувачи за тилт, извадени од стар pinball флипер, а електрониката беше со NE555. Комплетната документација ја пратив во Емитер и го објавија овој аларм во бројот 6/1999. Ако не можеш да најдеш вакви тастер-прекинувачи, можеш да си направиш исти од парченце еластичен челик со штраф на крајот и со додавање и одземање мутери на штрафот можеш да го дотераш да реагира (да дава контакт) на потреси како што сакаш (на пр. симнување од штендер на моторот, качување на него и сл.)