дали може за истиов ГСМ контролер да користам Ериксон??
За истиов GSM контролер, дали може да се употреби друг телефон, само од софтверот може да се види, или да ти каже конструкторот на проектов. Проблемот е во тоа што некои од АТ командите се исти за разлицни типови на телефони, а некои се различни. Доколку програмот може да препознае за кој телефон станува збор, па да се пресвича на неговите команди ОК. Но тоа е дупло работа за програмерот, и најверојатно не е така. Можеби кодот ги користи само АТ командите што се подржани од двата телефони па да се користи било кој. И ајде малку да појаснам за флешувањето на телефоните, и нешто окулу нивните интерфејси. Телефоните се флешуваат исклучително преку USB или UART. На тој начин е изведен и РС софтверот, да ги користи тие интерфејси, Самиот DB чип, има многу интерфејси, мегу кои и неколку UART-и, па истите се користат за флешување. Е сега кој UART за што е доделен да се користи е друга работа. Тие телефони што имаат конектор на кој е изваден UART-от, на тој UART е врзан модемот, а ако има друг конектор за флешување (и тој е UART), на тој конектор е врзан само каналот со команди за флешување. Не дека неможе да се прелинкуваат каналите, но тоа е веке нелегална работа (а во македонија што е легално). Оние телефони кои имаат само UART канал за флешување, ако имаат имплементирано софтвер за модем, тогаш тој е на истиот канал (ако воопшто е овозможен).