Начин на работа на транзисторот
слика1
слика 2
Процесот на спроведување на електрична струја низ транзисторот е многу важен бидејќи тој се состои од 3 области ( NPN ) два типа на полупроводници ( P и N ) во кои има два вида на носители на електричество ( електрони и шуплини ).
Кога емитерскиот PN- спој ќе се поларизира директно, а колекторскиот спој инверзно, првиот запречен слој се стеснува а вториот се раширува, концентрацијата на примеси ( електрони) во емитерот е многу голема, па заради тесниот запречен слој голем број на електрони ќе поминат во базата.
Бројот на електрони кои ќе се рекомбинираат во базата е многу бидејќи базата е малку дозирана и е тесна, скоро сите електрони ќе дифундираат или ќе поминат низ базата и ќе преминат во колекторот, процентот на електроните кои поминуваат во колекторот е преку 99%,од оние во емитерот и ја образуваат главната струја во транзисторот.
Струјата во базата ја сочинуваат малиот процент на рекомбинираните електрони со шуплините во базата.
Овај процес е прикажан на слика бр. 2.
Аналогно се однесува и за PNP транзисторите само што главната струја ја создаваат шуплините наместо електроните како кај NPN транзисторот.