Добра тема- половината од електроничарите во Македонија не знаат да лемат!!! Тоа не е моја само констатација туку од директна анкета што сме ја спровеле во тек на 5-6 години на Општинските,Регионалните и Државните натпревари на КМТ на Народна техника.Проблем е во тоа што наставниците по ОТП не знаат(не сакаат,не можат или немаат соодветен алат!?-тоа се нивни изговори
) да им го објаснат овој процес на учениците!
Лично јас ја заштитувам плочката пред лемење со алкохолен раствор од колофониум( на 100 мл 96% алкохол ставам-растворувам 10-15 гр колофониум во прав-го ситнам-).Плочката ја шмирглам со хартија за шмиргл- 2000 и со четка танко нанесувам на бакарот.Така сува стои и по неколку години како сега да сте ја правеле,а колофониумот дава да направите добар лем!
И уште,внимавајте каква тинол жица купувајте - половината се шкарт - премногу се на цинк!