Author Topic: Сајтови за бесплатни огласи  (Read 16093 times)

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Сега обичниот човек, дома што има нешто полесно му е да го огласи по facebook огласите (marketplace), а по страниве пазар3 и реклама5 повеќето се трговци, повеќе стоки огласуваат.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не мора да значи, има многу FB страници кои се „као“ фирми кои продаваат на ново. Дел од нив и се фирми, а дел и не се регистрирани како фирми, едноставно само тргуваат преку FB.

А FB како marketplace за купи/продај е прилично лош. Имаш милион групи (секој може група да направи за било што, па и купи продај), згора на тоа, пребарувањето низ групите е многу лошо плус немаш класификација (како што имаш на сајтовите за огласување), post-овите не ги дава консеквентно по време на post-ирање туку според некој си негов алгоритам (никој точно не знае кој е, најчесто оди по популарност на post) и тоа одзема многу време за пребарување ако ти треба нешто да купиш.

Да, доста луѓе го користат и за купи/продај (работи низ дома што ти останале, не ти требаат, итн.), но искрен да бидам, член сум на околу 50 групи за купи продај на FB, од едно 20-тина работи што имам огласено во сите групи, една само ја продадов преку FB. Главен проблем е тоа, пребарувањето и класификацијата. FB не е наменет за вакви работи. Да, има опција и за ова да се користи, ама генерално, прилично лоша платформа е за купи/продај.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."