Максималната моќност на еден засилувач може да се измери вака:
Потребно е:
1. Голем отпорник или греач сечен за да биде 4 или 8 оми (не пробувајте со звучник бидејќи има голема шанса да ви прегори звучникот ако свири континуирано во клипинг на 50Hz додека мерите).
2. Дигитален волтметар (убаво е да е со ознака True RMS, меѓутоа може да се користи и обичен со мала грешка).
3. Извор на синусоидален сигнал 50Hz (сигнал генератор или компјутер со софтвер за генерирање на сигнал).
За точно мерење е потребен осцилоскоп, меѓутоа најголем број од луѓето немаат осцилоскоп. На интернет кружат начини на мерење меѓутоа секогаш се спомнува осцилоскоп. Овде ќе презентирам (свесно) понеточен метод за мерење меѓутоа ќе избегнам употреба на осцилоскоп.
Како се мери:
1. На излезот од засилувачот наместо звучник го поврзуваме отпорникот/греачот.
2. Пуштаме сигнал 50Hz на засилувачот од сигнал генератор или од компјутер и соодветен софтвер.
3. Мериме со дигиталниот волтметар волти на отпорникот/греачот. Инструментот е наместен на AC Volts (200).
4. Ја зголемуваме гласноста додека напонот расте. Кога со зголемување на на гласноста напонот веќе не расте значително тоа е максимумот на засилувачот, ја запишуваме вредноста на напонот и прекинуваме со мерење.
Што правиме потоа:
1. Ја делиме измерената вредност на напонот со 1.41 и резултатот го креваме на квадрат. (бројот кој ќе го добиеме ќе го викаме U1).
2. Ја користиме формулата P=U1/R каде R e отпорот на отпорникот/греачот што го користиме во зависност од тоа што засилувачот очекува, каков звучник (4 или 8 оми).
Пример:
Пуштаме сигнал од компјутер на некој засилувач на кој на излезот за едниот звучник сме поврзале моќен отпорник или греач од 4 оми бидејќи засилувачот од назад пишува дека работи на 4 оми звучник (или на минимум 4 оми звучник).
Го поврзуваме волтметарот поставен на опсег AC (200V) паралелно на отпорникот/греачот.
Ја зголемуваме гласноста се повеќе и повеќе до ниво да напонот на волтметарот веќе не расте значително (тој можеби ќе расте малку кога одите кон крајот на „гласноста“ но нема да расте значително).
Запишуваме на пример (сме измериле) 33V на отпорникот.
Сега пресметуваме: 33/1.41 = 23.4..... 23.4 на квадрат = 547.5 (ова ни е U1)
Сега ја пресметуваме моќта: P=U1/4.... P=547.5/4 = 136.8W
Значи овој засилувач има околу 137W синусна моќност (RMS).
Се надевам дека е јасно.
---------------------
P.S. Како го избегнавме осцилоскопот: Имено, го работиме засилувачот во максимален клипинг при што напонот личи на правоаголен сигнал. Ова на дигиталниот волтметар би било во вредност слично како да мерите DC напон. Според тоа значи вие го имате максималниот напон кој може да го даде овој засилувач. Тоа значи дека RMS напонот на сигналот е максималниот напон поделен со корен од 2 (1.41). Со ова добиваме теоретски каде засилувачот влегува во клипинг, значи максималната употреблива моќ пред да изобличи (грчи).