Ти благодарам 'GigaWatt' ќе пробам да го најдам софтверот. Вреди да се проба, ако не ... отидоа 500 ки .
Поздрав
Џабе, треба посебен box за користење на софтверот, нема да функционира без таков box (така ги викаат сервисерите за мобилни овие уреди, box-ови, наменети се за интерфејс меќу мобилниот телефон и PC-то, постојат цели тимови на луѓе кои работат на оваа проблематика, ако Samsung или Alcatel или кој и да е друг производител, не даваат начин за декодирање на определен мобилен телефон, овие тимови решаваат да го направат тоа, но, се разбира, не го прават тоа бесплатно, затоа и ги прават овие box-ови, тоа се уредчиња кои се врзуваат преку USB или Ethernet за PC-то, не дека не може телефонот директно да се поврзе со PC-то, може, но вака се осигуруваат дека ќе мораш да го купиш нивниот box за да го користиш софтверот, значи, на нашки кажано, не работат бесплатно овие тимови). Конкретно, за да можеш да го користиш овој софтвер, ти треба box-от од z3x тимот.
Мое лично мислење е, не ти се исплати, подобро плати 500 денари. Кој знае колку чини тој box. Можеби и не е прескап, но не верувам дека е под 500 денари
. Цените на овие box-ови некогаш знаат да стигнат и вредност од 200, 300 евра.
Сум барал и јас начини за декодирање на мобилни телефони
. Не дека е комплицирано, во принцип (најчесто, не мора секогаш да е така), софтверот го „осакатува“ firmware-от од телефонот, односно го онеспособува делот кој има network lock, па телефонот може да се користи на било која мрежа или генерира некој глобален network key кој го отклучува телефонот. Но, бидејќи ова значи многу reverse engineering, многу потрошен труд (бидејќи никој не ти го дава source-от од софтверот кој се користи во телефонот), оние кои го прават тоа (како овие тимови), гледаат да си го наплатат тоа, на еден или друг начин. Наједноставно е ако направиш екстерен уред кој мора да го купиш за да можеш да го користиш нивниот софтвер за декодирање или за што и да е
.