Ако сакате да биде со калем (слично на Grid-Dip метар) се вадат сите влезни отпорници и калемот се поврзува кај преклопникот. Доколку сакате да биде цело време на високо мерно подрачне (UHF) не го вградувате преклопникот (без него има и поголема осетливост уредот) и калемот го поврзувате диретно на SAB6456.
Калемот има 4 намотки со жица 1мм, дијаметар 1цм, мал проред помеѓу намотките.
Ваквиот калем работи добро од 4-5MHz па се докај 800MHz што во суштина е доволно.
Битни работи во овој случај:
1. SAB6456 е прескалер кој доколку нема влезен сигнал дава Random излез, што значи бројките на фрекфенцметарот вртат без врска додека не се доведе влезен сигнал. Ова лично за мене беше многу лошо и успеав со многу мало намалување на влезната осетливост да го „стабилизирам“ SAB6456. Како се прави тоа: Се става отпорник од 2К2 од пин 3 кон маса. Со ова фрекфенцметарот кажува нула и работи добро кога има влезен сигнал.
2. Кога фрекфенцметарот работи со калем осетливоста не е иста како кога доведувате сигнал со коаксијален кабел. За да добиете точно читање на фрекфенцијата калемот кога ке го доближите до некое осцилаторно коло или антена треба тоа осцилаторно коло или антена да „создава“ барем 50mW.