СВР метарот работи на следниот принцип: Се поставува помеѓу предавателот и антената и со него се мери израчената и вратената сила на предавателот.Значи прво ја мериме израчената сила и се трудиме со тримерите или со прилагодување на антената да го постигнеме максимумот! Тоа го постигнуваме и со скратување или продолжување на антената,со тримерите на излезниот степен,ама и со скратување на антенскиот вод од предавателот до антената! И тоа сантиметар по сантиметар!!
Потоа СВР метарот го ставаме во обратна положба каде мери вратена струја од антена и тежиме таа да биде што помала! Еве за оние кои сакаат да изработат свој СВР една едноставна,но солидна шема.Основата се изработува како печатена плоча,а само некои напомениЧ
- инструмент со два калема имаше во некои стари РИЗ и ЕИ уреди,како ВУ метар!
-диодите се германиумски ( најдобро упарени!) или со приближна вредност
- уредот се поставува ОБАВЕЗНО во лимена кутија и се поврзува со антена и предавател со коаксијакни
каблови.
- вредноста на потенциометарот е 100 к лин(двостран,дупли),а тримерите имаатвредност од 10 к
Инструментот мери до 10 вати,а подрачјето се преправа со менување на вредноста на пот. и тримерите!