Засилувачот треба да го засилува излезниот напон од гитарата барем за едно 200 пати ако сакаш да го доведеш до ниво на линеарен сигнал за да може да се врзе на влез од засилувач (излезниот напон од гитара е некаде околу 2 до 7mV, барем колку што знам). Еве ти една проста шемичка што може да го направи тоа.
Операцискиот засилувач може да биде било кој (uA741, TL071), не е критично каков ќе избереш, но ако сакаш да имаш подобри резултати, подобро избери некој поквалитетен како NE5532. Вредноста на отпорноста R исто така не е критична, може да биде помеѓу 10K и 100K. Така на пример, ако избереш отпорноста на отпорникот R да биде 10K, засилувањето да биде на пример 300 (односно параметарот "a" во шемата да биде 301), ќе треба да ставиш потенциометар со вредност од 3М. Ако земеш засилувањето да биде некаде околу 500, потенциометарот ќе треба да има вредност од 4.7М или 5.1М. Сличнен принцип важи и за секоја друга вредност на засилувањето која ќе ја одбереш. Отпорниците треба да можат да издржат моќност од 1/4W. Напојувањето за операцискиот засилувач можеш да го изведеш со адаптер и некој интегриран стабилизатор, на пример 7809. На влезот и на излезот од колото, на горните водови за влез и излез ќе треба да поставиш кондензатори. За излезот можеш да поставиш пластичен кондензатор со вредност од околу 100nF. За влезот, искрено не знам, не се разбирам баш толку многу од карактеристики на магнети за гитара и која вредност би одговарала, така да, доколку некој друг од форумов знае нешто шовеќе околу оваа проблематика, нека пише. Можеш и да експериментираш со вредностите на кондензаторите, од 1nF до 1uF (само да бидат пластични, не електролитски) и да видиш со која вредост најдобар звук ќе ти извади предзасилувачот.
Јас колку што знаев пишав, ако некаде згрешив слободно корегирајте
.