Author Topic: Дали некој има изработено омекнувач на вода?  (Read 2973 times)

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Дали некој има изработено омекнувач на вода?
« Opened on 15.12.2010, Wednesday, 22:45:54 (Edited 15.12.2010, Wednesday, 23:52:53) »
Дали некој од вас има изработено омекнувач на вода. Овој проект го има и во емитер:
Code: [Select]
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=587Ме интересира колку е ефикасен?

Quote from: Администрација
По втор пат го кодирам линков, не го одкодирувај !!!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Омекнувач на вода
« Reply #1 on 15.12.2010, Wednesday, 22:57:17 »
поправи го насловот, во спротивно темата ке биде избришана до утре. Под поправање на наслов не се подразбира само додавање на прашалник после сегашниот наслов.
Повеке :
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ова тема изпадна за прв пат во списанието САМ во далечните 80-ти години.Беше едноставно со НЕ 555 и со две намотки кои се мотаат директно на водоводната цевка.Потоа имаше повеке изведби со 3-4 намотки,со ИК,транзисторски,комбинација.Го направив уредот уште според првата  шемаи долго стоеше до водомерот.Ама,никаква голема разлика ( читај-ефект!) не сум осетил ,па кога го менував водомерот (пред 6-7 години ) го извадив!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас барем колку што знам, треба всушност да го вади кречот од водата и да го „лепи“ за цевките, ама проблем со тоа е што цевките па ќе се наталожуваат со креч (ако работел како што треба уредот). Инаку искрено, не сум пробал да направам вакво нешто, не сум имал потреба, мене водата ми се допаѓа онаква каква што е ;D.

Можеби има сега некои малку покомплицирани шеми, и сигурен сум дека и на net има, но не сум пробал да побарам.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Мене не ми треба за каква што е водата и онака не пијам од чешма. Ми треба за да спречам таложење каменец во бојлерот. Сите знаете колку е тврда скопската вода...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Мене не ми треба за каква што е водата и онака не пијам од чешма. Ми треба за да спречам таложење каменец во бојлерот. Сите знаете колку е тврда скопската вода...

Да, ама проблемот е што тогаш ќе ти се таложи во цевките :S (ако работи уредот како што треба). Не може уредот да го „убие“ кречот (тоа оди против сите закони на физиката ;D), само го наталожува од едно место на друго. Ако гос тавиш на чешма од славина, ОК е, можеш да ја извадиш и да ја исчистиш лесно, но ако го ставиш на цевки од бојлре, ќе треба да ги менуваш на секои 2 или 3 години, а тоа е веќе неисплатливо :S. Многу полесно е да исчистиш бвојлер од каменец еднаш на 6, 7 години одколку да менуваш (или да чистиш) цевки еднаш на 2 или 3 години (мене барем, полесно ми е).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Jove

  • Guest
а бе како ке спречиш каде ке оди каменецот тогаш? или на уредот ке има некоја шипка  на  неа да се таложи!?!
едит гига ме престигна со одговорот  ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
а бе како ке спречиш каде ке оди каменецот тогаш? или на уредот ке има некоја шипка  на  неа да се таложи!?!

Уредот (калемот) се монтира околу некоја водоводна цевка за да се таложи на водоводната цевка кречот а не на некое друго место. Затоа реков дека е непрактично за бојлери, за чешми и такви работи да (лесно се ви цевката, последната, од која тече водата), но за бојлери, не е практично :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
не се таложи значи не си прочитал ни што сум пуштил. на линкот пишува дека ги изменува молекулите и со тоа доаѓа до помало таложење

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
не се таложи значи не си прочитал ни што сум пуштил. на линкот пишува дека ги изменува молекулите и со тоа доаѓа до помало таложење

Не ги изменува него ги разбива, ако ги изменуваше ќе добиевме нова субстанција. А за тоа колку е ефикасен, во самиот текст си пишува.

Quote
И покрај големиот број студии на оваа тема, досега никој не успеал со сигурност да ја потврди нивната ефикасност. Мислењата се спротивставени. Некои се презадоволни, други, пак, се жалат дека парите им отишле во ветер.

Значи, не може никој со сигурност да ти гарантира 100%-ни резултати, кај некои функционира, кај некои не, тоа е тоа :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Jove

  • Guest
ова по мое  е   е*и ветер   
а за тоа гарантирањето гига мислам дека  зависи и колку е тврда самата вода  :-X :'( :'(
*=б  ;D

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
што вика гига, што те кошта да чистиш болјерот на 6-7 години...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
за да ен се таложи бигор во бојлерот ... па не ми иди на памет некое проактично реше освен да го полниш со дестилирана вода...  :D Највероварно бојлерот е поврзан со гумена црево обложено со плетена жица  со цевките. Тоа цревце што е ладно кога се бањаш, највероватно е влезно, освен ако не користиш ладна вода пад а се двете ладни :D Лесно се одштрафува од одводната цефка, па откако ќе истечи вода (најдобро да е оладен бојлерот) пробај да ставиш во него колку што можеш калгонит. На крајот малце набиј го за да не се истури дур го штрафиш, ама со усуј, да може водата да го пробие, односно разреди. Откако ќе го заштрафиш остави малце да истечи од "топлата" славина за калгонитот да влезе во бојлерот. Би требало бигорот да се реагира со калгонитот. Сепак ова не е сигурна метода, не знам како калгонитот ќе реагира со нерѓосувачката облога во бојлерот со греачите... Во машини за перење функционира без оштетувања на бубањот и другите пропратни елементи, да речам без нус појави.


***Инаку, наталожувањето на бигор и каменец во организмот, како на пр камен во бубрезите зависи од маснотии холестерол и уште незнам кои супстанции во организмот кои служат како лепак за сврзувајне на бигорот*** 

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Бициклиста,во ред е описов на твојот проблем,ама темата е електричен (електронски ) омекнувач за вода .Значи.ако имаш направено таков уред посочи ги евентуалните,добри и лоши страни.За бубрези знаеме решение - пиво! :D :D :D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Е да малце избегав од темата... Само наведов алтернатива... Инаку сум од Кичево, можеби градот со најубава вода за пиење- природна секако. Не  е баш најсјајна ама за разлика до скопскава(Скопје студирам) каде каде е помека, па сум немал потреба од ваков уред....