Го направив од потреба, бидејќи ми требаше начин да ја проверам/измерам јачината на маг. поле на некои уреди што ги правев во тој момент, па бујрум ако му треба на некој вакво нешто
.
Проектот е од Електор, целиот текст како и плочката прецртана во Sprint Layout ги има закачено најдоле.
Шемата, изгледот на плочката и неколку слики од готовиот уред:
За крај и едно видео каде што се гледа како работи, низ калемот пуштам сигнал со фреквенција 10Hz, има и едно магнетче ставено за подобра визуелизација: