Коментарот кој јас го напишав за кодирањето на линкови беше само за посочување кон правилата а не како предупредување или карање.
Апсолутно, нема збор, така и треба да се свати
. Не како предупредување, туку како „само да знаеш, има правило за ова и ова
“.
Поентата ми е, правилно си ја сватил улогата на долгогодишен член на форумов
- куќата си има правила, сите ги почитуваме, редно е и новите членови да ги почитуваат
.
Јас незнам кој е новиот ниту каков тешкаш е(јас сум тешкаш само во килажа), новиот не е нов колку што видов регистриран е во септември 2020 ако одтогаш не нашол време и желба да ги прочита правилата како и кога ќе најде време и желба да напише нешто поучно или од помош?
Познат е во други кругови, т.е. „Емитерските“
. Има доста написи во Емитер пишувано, нема збор за тоа, и да, навистина проектите се негови, не се преписки од странски списанија
. Или можеби земено некоја идеја од некое списание, па подобрена и доработена, при што, секогаш е наведено дека идејата, како идеја, не е негова, туку само доработил нешто туѓо
. Факт, нема збор, човекот си е одличен познавач на електрониката, тоа може да го потврди било кој кој со години го чита списанието
.
А околу желбата за пишување... тоа не можам да му се мешам... повеќето „Емитерџии“ не пишуваат (многу... по некој post тук-там) на форумов... сметаат дека е подобро тоа што го правеле (дизајнирале) да се презентира во списание... ОК, не се мешам ни во тоа
.
Администрацијата или било кој друг кој посочува на правилата не е причина за слабата активност на форумот.
Па... според некои... и таа е
... иако, барем според мене, навистина ретко го правиме ова... далеку од тоа дека се спомнува на секој post или дека „сечеме во старт“... евентуално за кирилицата, за тоа да, нема збор. Но... сепак, прво има предупредување за преправка на post-от на кирилица, по што имаш лутење и негодување од страна на членот (
... „ете зашто не не бива, за вакви глупости се фаќате, е*ати форумот, затоа немате активност, бркате луѓе“, итн.
).
Една од причините за слабата активнос на форумот како и на сите други форуми е падот на интерес према хоби електрониката.
Факт... и ова не е само кај нас, иста е ситуацијата и на странските форуми, освен оние што се исклучиво English speaking. Само кај нив се осети благ пад во активноста, но далеку од страшен. Сите останати, кои беа посветени на еден јазик и/или нација (особено малите, не правам муабет за Руските), да, апсолутно се осети и кај нив... практично, сите форуми слични на овој, нашиов.
Друга причина за слабата активност на овој форум е тоа што многу членови доагјаат само кога сакаат да продадат нешто или да им се одговорат на некои прашања.
Уште еден факт, за кој имам коментирано и имам апелирано и сум пробувал на еден или друг начин да ја сменам работата, да не биде вака, но за жал, не вродило со плод... и затоа веќе не коментирам за ова.
Менталитетот на Македончето ,"Aко Немам Корист Кој Ве Е....".. Секоја чест на исклучоците, кои за жал стануваат се поретки и поретки.
ГЛАВНАТА причина зошто (конкретно) овој форум, пропаѓа. Како што рече, чест на исклучоци, ги има, но... да, ретки се... за жал
. И премногу малку за да може да ја кренат активноста на форумот на едно... ете, ако не повеќе барем, солидно ниво.
Така е, во ред е ко ќе видиш некој како прекршува некое правило да го информираш околу тоа.
Токму така
. Поентата ми беше, чисто информација од страна на друг член (не од администрацијата) дека ете, има правило кое тука сите ние го почитуваме
.
Мада и народот е за е*бење, ако му кажиш дека некое правило прекршува одма ќе почнит да се објаснуе со тебе, значи ти си го информирал за некое правило, нит си го донесол правилото, нит го спроведуваш врз него. За општо ми е муабетот, не само за овде.
Ова е веќе друг проблем, но верувај дека, доколку некој член спомне за некое правило кое треба да се почитува (сите постари членови знаат, опоменуваме само за кирилица и кодирање на линкови, сите други правила... генерално земено, ги занемаруваме) на нов член, и новиот член почне да се расправа со оној кој му спомнал за правилото, администрацијата ќе застане зад стариот член, тоа можам да ти го гарантирам
. Зошто би сакале да одиме против некого, на кого, очигледно му значи форумов и сака да ги почитува правилата и чисто само посочил на некој нов член дека „еј, да знаеш само, има правило за ова
“. Се разбира дека нема сигурно да го „кудиме“ стариот член зошто го направил тоа
. Но, исто така, нели, културно да биде се тоа кажано, да не биде „џандарски“. Дури и ние не постапуваме така така „џандарски“
.