Моментално, конкуренти се OPUS и HE-AAC. HE-AAC е базиран на AAC плус SBR (Spectral Band Replication). OPUS е базиран на OGG и може да користи и SBR. И со HE-AAC и со OPUS со SBR, теоретски, треба да добиеш ист квалитет на звук со дупло помал bitrate. Ова беше финтата со MP3Pro на времето, но беше closed source и пропадна како кодек. За разлика од него, FDK-AAC е open source AAC енкодер на Fraunhofer, но библиотеката е наменета за Android и според лиценцата, смееш да ја компајлираш и редистрибуираш само на Android уреди. Но, тоа никој не го спречува да ја port-ува библиотеката за некој друг оперативен систем и да го објави source-от за неа. Затоа и не е нелегално да стои source-от јавно некаде достапен (GitHub) од оваа x86/x64 верзија од библиотеката. И не е нелегално да ја компајлираш сам за своја употреба, но не и да ја споделуваш компајлираната верзија
(oops
).
OPUS од друга страна, базиран е на еден формат кој пропадна како mainstream формат (OGG), иако доста често се користеше по игри бидејќи нудеше подобар квалитет на звукот во однос на MP3 за ист bitrate... плус, open source е и најважно, без royalty лиценци за комерцијална употреба (за разлика од MP3). Но, бидејќи кај домашните корисници, веќе беше длабоко навлезен MP3 како стандард, плус секој rip што можеш да го најдеш online, пиратски се споделуваше во MP3, MP3 стана de facto стандард за споделување и складирање на музика. OGG се појави и се надеваа дека ќе го заменат MP3, пред се бидејќи нудеше подобар квалитет на звук во однос на MP3 за ист bitrate, но тоа никогаш не се случи и практично... умре OGG. Да, сеуште постои како кодек, но практично... никој во денешно време не го користи.
Е сега... зошто OPUS се појави како играч на сцената (инаку, има и други кодеци кои користат SBR). Google решија да го користат како default аудио кодек за 720p, 1080p и 2160p видеа на YouTube. Зошто? Па исто како и OGG, не се плаќаат royalties за комерцијална употреба, т.е. за употреба на сервис како што е YouTube
. И, ова, автоматски го популаризираше кодекот.
Вистинското прашање кое треба да го поставиш е „дали сметам дека кодекот во кој ќе ја транскодирам мојата музичка колекција има иднина или не“. Прво подпрашање би било, дали е open source. Ако не е, бегај ко ѓаол од крст, тоа нема иднина. Ова се има покажано со многу closed source кодеци: WMVx, WMA, MP3Pro (доволно глуп бев тогаш кога бев млад цела колекција да си ја прекодирам во MP3Pro
... многу музика, малку пари, немаш пари за HDD и... тоа ти е, сиромав човек, жив ѓавол
)... ги има доста. Повеќето се open source, но дел се и closed source. Практично, сите што беа closed source, пропаднаа. Од моментално популарните аудио и видео кодеци, сите се open source
. ОК, одиме на второ подпрашање, која е историјата на кодекот. HE-AAC е базиран на AAC, кодек кој полека но сигурно си стекна популарност меѓу луѓето, а се разбира, и адаптацијата на баш овој кодек од страна на Apple во iTunes беше одличен boost за популарноста на кодекот. OPUS е базиран на OGG... пропаднат кодек кој, да, имаше предности во однос на MP3, но... не успеа во трката.
AAC (а со тоа и HE-AAC) се користат од страна на Apple како default аудио кодек за нивните платформи. OPUS се коисти како default аудио кодек за HD Ready, Full HD и Ultra HD stream-овите на YouTube. Кој ќе тепа? Не знам... не знам ни дали ќе има баш „победник“ во оваа „трка“... некако веќе се напушта тој концепт. Веќе е се stream based, крајниот корисник не знае што е користено за кодирање на аудиото и видеото во stream-от, а и не го интересира.
Така да, од скоро сите погоре наведени аспекти, скалата малку натежнува на страната на HE-AAC (заборавив да напоменам, AAC и HE-AAC се користат и во DAB), но и OPUS не стои лошо
. Лично јас, сепак би се одлучил за HE-AAC од една проста причина - има многу повеќе алатки за него. FDK-AAC не е единствен HE-AAC енкодер/декодер, има и други, така да имаш избор
. Од друга страна, OPUS е „детенце“ на Xiph.Org... практично, они одлучуваат во која насока ќе оди кодекот бидејќи не се води по ниеден стандард (за разлика од AAC кој е ISO и IEC стандардизиран), туку си измислуваат „нивни правила на игра“, слично како што правеше Fraunhofer со MP3Pro... не дека беше лоша идеја MP3Pro, всушност, беше одлична во времето кога беше измислен, но... за жал, лоша одлука во старт се направи со тоа што беше proprietary и тука ја зезнаа работата. Од тој аспект, не мораш да се плашиш дека музиката ќе ти остане „заробена“ во codec кој нема иднина, бидејќи OPUS е open source, но сепак... јас барем лично, би одел со codec кој е стандардизиран. Се имам изгорено претходно од нестандардизирани „хакови“ на кодеци... не, благодарам
.