Сакам да најдам кај нас ефтини кинески литиумски батерии но ретко кој се со вистинската капацитивност па затоа се решив да ја составам "станицава".
Естетиката ми е на крајно ниво за проекти за домашна употреба.
Горната, помала плочка е полначот на литиумски батерии со заштита од преполнување на батериите, заштита за погрешен поларитет нема.
Плочката полни максимално до 1А батерии како што се од телефон, фото апарати, ќелиите од батеријата од лаптоп итн. Плочката има лед индикации за кога се полни батеријата, кога е полна батеријата и престанува да полни, кога батеријата не е поврзана/не сака да се полни. ( TP4056 5V 1A Lithium Battery Circuit Board Protection Board Charge Module ).
Долната, поголемата плочка е за празнење на батериите и мерење на нивната капацитивност. Како потрошувач за празнење на батериите се користат керамички отпорници. Со плочката идат 2 керамички отпорници со вредност од 7.5 оми 5вати, со користење на 1 отпорник од 7.5оми батеријата се празни со 0.5А, а ако се постават двата 7.5 омски отпорника во паралела батеријата ќе се празни со околу 1А, празнење со поголема струја не е препорачливо.
Плочката има функции за мерење на напонот на батеријата, струјата со која што се празни и капацитивноста во ампер часови, функција за поставување до колку волти да се испразни батеријата. ( 18650 Li-ion Lithium Lead-acid Battery Capacity Meter Discharge Tester Analyzer ).
Двете плочки се поврзини во паралела на влезот каде што се носи напојување. За напојување користам микро усб 5V 2А полнач од телефон. Во иднина би поставил прекинувачи помеѓу плочките за ако користам само една другата да не свети за џабе и прекинувач помеѓу отпорниците за побрзо да можам да го менувам празнењето дали со 0.5А или со 1А да се празнат батериите.