малце знам околу лора, работи на некоја „слободна“ фрекфенција, има слаб проток на податоци, а задомет не сум баш сигурен дека има, да на пат без пречки има задоволителен домет, но мали пречки е ранлива ( на пример ако појдиш вподрум, не функционира).
Мислам дека е можна ад хок топологија.
Поентата на лора не е домет нити голем проток на големи растојаниија, него поентата ( од тоа што сум видел) е на пример да стајш некој уред со кој вршиш одредени мерења на пример, и следните 5-6 год да немаш замарања околу него, туку даго стајш и да го заборајш. Исто се користи за командување на уреди кај што не е практично да сервисираш постојано, на пример врата од гаража или на пример улична сијалица, броило за струја или слично. Повеќе лора уреди може да се поврзат на еден лора гејвеј и така да се поврзат на друга мрежа ( прертежно телефонска) и така може да се зголеми растојанието. Денеска ретко се користи,некакоповеќе преминаа на вифи или 4/5г со сим картица, иако за многу работи е оверкил по мое видување. еве на пример некој паркинг сензор да имаш, вршиш размена од 2 мб месечно, а плаќаш полна претплата, но операторите на мобилни услуги може и да имаат посебни понуди за овие намени, не сум во тек.