Благодарение на dr-mr, дознавме дека TinyPic се затвора... до кога ќе бидат сликите достапни, никој не знае. До денес (9-ти септември, 2019-та) ќе може членовите кои имаат upload-ирано слики на TinyPic да си ги симнат сликите од нивниот сајт.
Но, никаде немаат наведено до кога ќе бидат сликите достапни online, така да, претпоставка ми е дека барем уште сигурно некој ден ќе бидат достапни (можеби и до крајот на септември, кој знае).
Со цел да не се случи дебакл како со Photobucket или pic.mk, ги замолувам членовите на elektronika.mk да го пребараат сајтот и да ги префрлат сликите кои ќе ги најдат на друг image hosting сервис (било кој).
Постапката би била следна. Кликате на Search копчето од главното мени и се појавува следниот прозорец во кој пишувате "tinypic.com" и кликате на Search.
Одите од post до post од резултатите кои ќе ги извади пребрарувањето, ги симнувате сликите, ставате линк од post-от во оваа тема и ставате линкови од сликите кои сте ги upload-ирале на друг hosting сервис. Генерално земено, тоа е тоа.
Бидејќи search engine-от на форумов не е баш „нај-нај“, најверојатно нема да извади се од post-овите во кои има слики од TinyPic. Проблем е што премногу post-ови има со линкови од слики со URL до TinyPic и затоа ги вади само првите 30 најрелевантни post-ови (барем според софтверот... кои post-ови/теми биле најпрегледувани, тие ги става на врвот). Затоа најверојатно ќе треба да пребарате уште една еднаш со штиклирано "Show results as messages". Вака, вади други резултати бидејќи ја анализира и содржината на post-овите при пребарувањето.
Кога ќе ги post-ирате темите/post-овите и новите линкови до сликите во темава, не важи правилото за кодирање на линкови. Ова е вонредна ситација и нема потреба да се троши време на такви работи, особено кога не се знае кога точно ќе престане TinyPic како сервис, т.е. кога дефинитивно ќе отиде offline.
Пожелно е новите линкови до сликите да бидат post-ирани по истиот редослед по кој биле нареден во оригиналниот post.
Блгодарам однапред до сите оние кои ќе помогнат
.
ПС: Можно е да треба да кликнете неколку пати reload на страната за да се појават сите слики, а понекогаш е потребно и hard refresh да направите (Ctrl + F5). Можно е да е преоптоварен сајтот, а можно е и да има проблеми со базата бидејќи на неколку пати начекав слики кои воопшто не кореспондираат на она што треба да биде post-ирано или не ги јавува, иако некои од нив се дел од цела серија на слики, а нема логика корисникот кој ги upload-ирал, да избришал само една или две, но да ги оставил останатите да седат. Претпоставка ми е дека сервисот е на раб на колапс, има bug-ови и проблеми со базата кои долго време не се средувани (одржувани) и е само прашање на време кога сосема ќе престане да работи (дури и ако сопствениците не решиле да го згаснат како таков).