Devil имаше ставено слики од негова изработена контрола за леткум (или било каков уред кој може да се контролира со помош на dimmer/димер) во
оваа тема. Контролата беше монтирана во О-Г (Г-О
... никогаш не научив) дозна со штекер. За жал, сликите се избришани од pic.mk (ах, зошто го користевме pic.mk
), но идејата многу ми се допадна
, па решив (скоро 10 години подоцна
) и јас да си направам една
.
Контролата може да се користи за огромен број на уреди: сијалици, леткуми, вентилатори, бормашини, брусилки, убодни пили, гравирки (под услов да нема фабрички контрола во нив, инаку ќе „трокираат“), греалки... практично било кој уред до 2KW кој може да се контролира со димер.
Искористениот димер е купен од eBay.
https://www.ebay.com/itm/152686965377
Морав малку да ја „осакатам“ контролата за да можам да ја монтирам во дозната, но важно е дека работи
.
Шемите за овие типови на контроли (димери) се општо познати и има многу вакви на форумов, вклучувајќи и онакви кои имаат елиминација на Snap-On (шема за таков димер има во
оваа тема). Разликата помеѓу нив е само што ќе се искористи како активна компонента за контрола (триак, SCR) и колку е моќна истата
. Имено, оваа контрола користи триак кој може да издржи товар до 2KW. Се разбира, со промена на триакот со помоќен, може контролата да се користи и за помоќни потрошувачи, на пример моќни греалки (слични контроли се користат во кафулињата за контрола на греалките кои ги пуштаат зимно време, но тие се дигитални и со далечинска контрола... има и такви на eBay/aliexpress
).
Како и да е, поентата на темава беше повеќе околу тоа во што е монтирана контролата, а не толку околу тоа каква е контролата
. Сакав уште по универзална да ја направам идејата за контрола на било кој леткум на Devil, па еве, само со користење на помоќен триак, си направив универзална контрола за цела плеада на машини и уреди
.