Author Topic: ТВ Quadro, модел CTV-55F19 TXT, 11AK30A14 - проблем со стартување [РЕШЕНО]  (Read 9131 times)

Offline totii

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
  • Gender: Male
Ги променив и C858 и C859 а C809 го променив иако е добар на ESR додека капацитетот му беше малку паднат на 92uF но повторно се гаси :-[

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
... а C809 го променив иако е добар на ESR додека капацитетот му беше малку паднат на 92uF ...

Добро, тогаш е оправдано ;).

Ај провери го C826 (C/ESR) и смени ги C856 и C837... и на секундар нешто да не се случува откако ќе повлече струја... што знам :-\.

Ако и по промена на овие компоненти пак гаси, останува уште MOSFET-от да го смениш, да пробаш со тоа.

И ај мери по колку време гаси, дали е после точно определен временски интервал или не е фиксно времето по кое гаси (се менува за секунда, две, три).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline totii

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
  • Gender: Male
C826 е заменет иакo беше доборар,C856 не е залемен на оваа шасија додека C837 се утепав барајќи го на плочата и неможев да го најдам :'( Гасењето е сегогаш по ист временски интервал од 10 секунди.Да и да не заборавам да кажам дека и MOSFET-от е заменет.Незнам што веќе да пробам некако овој B+ од 150V ми е висок како што кажа и toma во некој предходен пост но пак ме буни ова со го пишува на шемата.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
C837 треба да биде во близина на Q803 (BF423), R825 (27K) и R826 (22K).

Инаку, да, и на шемата е означен како B+ = 150V, така да... не гледам косење со она што е пишано во неа :-\.

Ај пробај откачи ја само намотката за хоризонтално отклонување (ќе добиеш вертикална бела линија) и пробај да видиш дали така ќе изгаси ???... да не е проблемот во намотката ???... мада ова не ми изгледа како проблем во намотката.

Хммм... ме замисли ова... ST92195 е одговорен за дигитална контрола, пин 2 му е reset. Ај види како се однесува напонот на тој пин откако ќе го пуштиш се додека не изгаси? Провери ги и останатите интегрирани кола, види дали имаат reset пинови и ако имаат, види како се однесува напонот на тој пин по пуштање на телевизорот во работа и откако ќе изгаси.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Имаш My Messages кликни! R817  99k треба да е 1% тоеранција.
Quote
144V не стабилен туку е многу висок .
Треаба да е во граници од 117V до 124V, па според тоа реши го прво тоа, а проблемот со стартувањето, затоа, потоа!
117V до 124V Без дискусија!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline totii

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
  • Gender: Male
Вредноста на отпорникот R817 беше 117к го заменив со 100к 1% толеранција бидејки немав 99к и проблемот се реши сега стартува најнормално.Фала на сите кој се потрудивте да ми помогнете а најмногу на Toma.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Би било пожелно во насловот од темата да се напише Решено или нешто слично!
Според мене добар наслов би бил:
ТВ Quadro CTV-55F19 TXT 11AK30A14  проблем со стартување (Решено)
Нема потреба од модел и шасија (тоа се подразбира)!