Здраво колеги. Потребен ми е влез во сервисно мени за овој ТВ за да го намалам позадинското осветлување кое верувам е на 100 фабрички поставено. Менував неколку лед диоди, па за да спречам брзо повторување на проблемот треба да се намали, опцијата ја нема во обичното мени. Тоа е оној модел кој има 2 тенки лед ленти на дното од екранот и врската со нив и плочата е со флет кабел. Го затворив ТВ па немам други податоци за него. Ако ептен мора пак ке го отворам.