Е сега се поставува прашањето: head-parking VS power on/off циклуси? Што е полошо за да се избегне?
Најдобро и двете, но ако не можеш и двете (како во случајот со HDD затворен во кутија), тогаш второто. Ако не повеќе, барем ќе ги избегнеш power on/of cycle-от од power management-от кој го контролира оперативниот систем.
Генерално земено, и двете се лоши за механичките дискови. Кај SSD, power management е добра работа
. Јас не го користам, но немам забележано негативни влијанија на power management кај SSD
.
Во контекст на гаранциите, од друга страна имам забележано дека кај нас SSD-ата одат со 3 години гаранција, додека надвор од земјава истите дискови за истата цена можат да добијат 5 години.
Да, за многу работи важи ова, не само за дискови.
Мислам дека кај нас увознициве не сакаат да се замараат за многу работи, вклучувајќи и продолжени гаранции (extended warranty). Можно е да им се нуди од производителите како опција, но можно е да чини некој денар плус да се земе таа „лиценца“ или што и да е, и... едноставно, не сакаат да се замараат. Пред се поради тоа што ќе треба RMA да прави на производ стар, на пример, 4 години, па веќе го нема истиот на лагер (за да му се даде заменски на купецот), па ќе треба од сопствен лагер да бара еквивалентен за таа сума на пари, па дур му рефундира производителот... кај нас тоа се смета за „непотребно замарање“.
Кај нас посебно се продаваат и торбите за лаптопи од HP, кои според HP (а и секој што купил HP лаптоп надвор од државава), доаѓаат заедно со лаптопот (не на сите модели, но на поскапите, да, гратис торби за лаптопи стигаат со нив) и не само што никаде не се продаваат посебно, туку и не смеат да се продаваат посебно... што повеќе да ти кажам
.
Што се однесува до Toshiba имаат серија наменето исклучиво за NAS, не дека немаат.
https://www.toshiba-storage.com/products/toshiba-internal-hard-drives-n300/
Овие изгледа им се понови серии. Набавката на работа ни е постара, од пред неколку години, па затоа изгледа немам информација
.
Добро, не е лошо да се знае за наредната набавка, да се побараат вакви или барем неколку вакви за проба, па да се тестираат
.
Од она што може да се земе во предвид е моделот P300 кој го има од 3TB, нормално за упола цена од онаа што јас го земав на WD 6TB, што е до некаде предност да се имаат два по 3TB отколку еден од 6TB.
https://www.toshiba-storage.com/products/toshiba-internal-hard-drives-p300/
Па и јас би играл така
. Искрен да бидам, задоволен сум од Toshiba како дискови и не мислам дека има некоја голема разлика меѓу серверските и класичните едиции, освен power management, кој најверојатно е активен кај desktop едициите, а неактивен кај серверските едиции.