Author Topic: Дискусии за туѓина, јабана, селење, плати, доктори, мајстори, итн.  (Read 7520 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
аее, ти си го проживеа, па децава твои / мои нека патат :)

А што, тука голтари да бидат ???. Да ме молат за пари за искачање?

Секое место си има предности и недостатоци. На крајот на краиштата, секогаш може да го пратам цело лето кај баба и дедо во Македонија и да си се исфура, така ;).

Номално е на 15 год да урлаш, да ојш на журки, да правиш глупости, ај сега да те видам излези до 5 сабајле и од тука на работа продолжи.

Апсолутно дека сега не можам, порано можев, но сега, не.

Германија да ни одат децата на геј паради? не, благодарам, подобро е в парк.

Па овде ако живееш, 100% нема да е геј ::)... како да не ::). Ај сврти се малку околу тебе, види колку хомосекцуалци има... па сега ги има повеќе од било кога... е да, уште немаме gay parade... уште тоа остана да го направат овие од LGBT ::).

кафичите/дискотеките странство се уште поголем луксуз. Едино кафе-чорба од нан нога е поефтино. А и друг е филмот, крај краева ти ја кратат слободата, оти да неможеш да пиеш пиво в парк? илиред други работи....

Да беше толку лошо, немаше нашинци таму да си седат, а и нивните немаше да седат таму, ќе доаѓаа кај нас така?

И пак ќе пишам, ако толку кеиф ми се прави пиво во парк да пијам, ќе си го земам одморот, ќе си дојдам тука и ќе си го терам филмот ;).

А и да си се паркираш кај што ќе ти текне што ќе ти фали.

Да бе, и сега кај ќе ми текне се паркирам ::). Барај каде, па зона, па која зона е, па колку е по зона, па на кој број, па чекај на град Скопје е или на Центар е, па... исто ми се фаќа и таму, и таму плаќам за паркинг.

Инаку немој да мислиш дека нешто здравството е по ок, еден заб е ѓаол ипол, башка другрка се пораѓаше норвешка, плацента и заборавиле. Па ајде делкај на ново...

За тоа дали се попрофесионални лекарите на запад или не, навистина не можам да судам, но претпоставувам, по тоа што 2/3 од лекарите што ги биваше ни се отселија, дека е попрофесионално. Па чоек, нема да праќаме на запад луѓе и родители на деца да молат за донации по SMS за да може да го пратат детето на некоја комплицирана операција во Германија, ако немаа солидна апаратура и добри кадри, така ???.

А за цената... па сите пак на крај се лечат кај нас, така :D. Си доаѓаш, си се лечиш и потоа пак се враќаш назад. Поевтино е билет за авион да платиш во две насоки и тука да се лечиш отколку да се лечиш таму :). Како сите, така и јас :D.

Знам дека кај нас најголемиот дел од газдите се користољубиви/лакоми  и не го даваат заслуженото но каква причина имаат они за да се сменат?

Е немаат... така е, прав си :-\.

@bicikle заедно со башибозукот и безредието доаѓаљ и неправдата , за некој лабаво за некој уштеполабаво а за некој јаже околу вратот.

Да, така е, овие две работи се обично неразделни.



@krema: И ставаш ливче внатре „за најубавата вегетаријанка на целиот свет“ ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Имат секаде неправди, далавери, малверзации,итн.  Ти да си се опушташ како овде странство ќе бидеш голтар, едино со платата од странство овде што ќе бидеш цар :) све си е пресметано. Најубо е овде да имаш странска плата, а можеш да работиш за странци, само не секоја струка има таква можност, тамо имаш повеќе можности, не можеш конобар да си од македонија во берлин xD
Ние имавме солидни доктори, али ете... И во германија ќе те лечат наши доктори... Фондот има пари. 60.000еу за презервстиви и лубриканти има, за бес, за потреба немал. Има, само не ги дава. А не знам како е во "белиот свет" за такви работи.
Не дека нема хомосекцуалци, ама барем за сега не е кај нас нормална појава и не се шетаат по улица. Т.е. кој што сака дома нека биде, ама не и на улица. Исто така и некој бара повеќе права да имал од тебе, само дека бил хомосексуалец. Пази богати.
Сега да по средено е, по организирано али парите се знае кај се вртат.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Знајш колку е казна пајак ако те крене германија ? за пијан возење? за скара на тераса ? за гласна музика ? Ќе ме сања германија, Кај им рмбаме за (за нивни услови) за безпари уште закони ќе ми кажуваат. Ќе рмбам овде за 200 еу ама слобода ќе имам.

другар тебе побитно ти е да нема казна и секпј да вози како сака или безбедноста на луѓето. Кај нас казната се знае, газиш човек на пешачки (студентката) бегаш дома, не пружаш помош при тоа си ќјор пијан и на крај три смрдени години затвор, тоа е добро според тебе? За скара во двор и таму можеш да си правиш и во сите паркови има летниковци со скари за ако си во стан да излезеш да си направиш скара преку викенд. За погрешно паркирана кола колега мој три пати плаќаше казна од по 10 евра кај нас е 1000 денари. Се на се собрано, се плаќаат големи даноци да ама се функционира секаде има инфраструктура редовен превоз, здраство и ред други работи, додека кај нас 70 посто од државава уште нема канализација и чиста водаза пиење. На сите исто им каживам кој може и има желбаич да не се мисли ништо не губи може само да добие.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Епа ништо од тоа нема да има кај нас се додека 60.000 евра се даваат за презервативи, 100.000 евра за изработка на сајтови, милион за игли, мауси од 1000 евра и ред други работи кои низ годините се имаат случено во државава ::). Проблемот е што, кој и да е дојде на власт, примарно доаѓа за да џапне нешто... на запад, не е така. Не дека не крадат, ама извини, едно да имаш некој стан плус на крај на мандат, а друго е да имаш вила на Хаваи, така ::).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
„другар тебе побитно ти е да нема казна и секпј да вози како сака или безбедноста на луѓето“ слободата е битна.
Глеј си ти да незгазиш, тебе да не те згазат и немаш гајле. Адека има луѓе што газат и не одговарааат, дека има дрога на секој ќош, има и тамо... Секаде има. Само кај нас голем е јазот измеѓу таквите и нас, обичните смртници. Ти да земаш овде 2.000 еу плата ич нема да се замараш кој кого згазил.
„Епа ништо од тоа нема да има кај нас се додека 60.000 евра се даваат за презервативи, 100.000 евра за изработка на сајтови, милион за игли, мауси од 1000 евра и ред други работи кои низ годините се имаат случено во државава ::). Проблемот е што, кој и да е дојде на власт, примарно доаѓа за да џапне нешто... на запад, не е така. Не дека не крадат, ама извини, едно да имаш некој стан плус на крај на мандат, а друго е да имаш вила на Хаваи, така ::).“- види, и гипсот не не кошташе ефтино :D
Никој не се побунил, како да ни одговара :) 

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Никој не се побунил, како да ни одговара :)

А што да се бунам ???. Треба да се бунам во институции во кои има луѓе кои се поставени од страна на едниве или другиве (кој и да е на власт) и повторно, секоја одлука се донесува во нивен прилог ::). Извини, ама и во време на Југославија не беше вака. Си имаше народен правобранител кој навистина си ја вршеше неговата работа.

Па еве, се бунеа еден куп луѓе, невладини и антикорупциска за вработувањето на тетки, стрини, мајки, синови, чичковци, итн., па што ???. Некој да не ќе одговара случајно ???. Да не ќе лежи затвор ???. Исто колку што лежи оној во Унгарија ::).

Башибозук е, краток и јасно. Не не бива. Си го докажавме тоа наназад 30 години. Да не можеш да направиш национален консензус за името 30 години ???... аман бе, па грцине имаат уште од 50-ти навака... жалосно, ама тоа е :-\.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DL1BT

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Многу пишувате :-)

@dr-mr Hoi! Што работиш во НЛ? Во техника нешто или компјутери :-) Beuningen е малку усвета, што има таму ?

Од моето шетање на неколку ЕУ држави, само едно е јасно: фиромјанецот има чудна замисла дека пари на дрва тука растат :-) А сума сумариум, далеку е боље од МК (нормално не по се, затоа сума-сумариум).

Tot ziens!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Работев како бармен во сауна, во техника можеби во наредните месец два.
Ти во Холандија си ?
Сепак се ВРТИ !!!

Offline DL1BT

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Gw, ex yu не знам како било, но и во  бриот свет правдата не дошла од скрстени раце.... Сам ако кинисаш правда да бараш ништо не правиш, јасно е :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."