Епа, дојде и тоа време, да имаме потреба за вакво нешто
.
Порано графичките картички најчесто имаа само еден излез, па по автоматизам графичката даваше сигнал само на тој излез. Подоцна, кога се појавија графичките картички со повеќе излези (за повеќе монитори), најчеста ситуација беше графичката картичка да го смета еден од излезите за default-ен (на постарите графички картички, тоа беше VGA излезот, подоцна, на поновите, тоа беше DVI излезот).
Кај најновите графички, самата графичка картичка (уште при POST
) врши детекција дали имаш било каков монитор врзано за било кој од излезите на графичката картичка и ако немаш ништо врзано за неа, се подига оперативниот систем, но подоцна ако врзеш монитор за некој од излезите, џабе, не дава сигнал на излезот. Пробав со најразлични комбинации, да врзам на VGA, DVI или HDMI излезот, не бре брате, не дава сигнал
. А ако го пуштиш со монитор (без разлика на што е врзан, VGA, DVI, HDMI), се си работи ОК. Потоа на кој сакаш излез од графичката картичка врзи монитор, си го препознава и си дава слика
.
Почнав да пребарувам на интернет и излезе дека ова и не е баш така редок проблем, особено кај поновиве графички картички (а баш со таква се јави целиот проблем, Intel HD Graphics 610
).
Е сега, зошто е ова проблем би прашале, кога и онака најчесто имаме врзано монитор за компјутерот, така да, што има везе, ќе се подигне со мониторот, ќе си тера така и решен проблем. Проблемот се јавува кога определен компјутер треба да биде сервер некаде, а најчесто за вакви машини нема потреба од врзување на било каков монитор или татстатура/маус (едноставно врзуваш напојување, мрежа и пали-вози). Зошто? Одговорот е исто така прилично прост, бидејќи овие компјутери, во денешно време, најчесто се администрираат remotely, т.е. преку определна апликација (Remote Desktop, AnyDesk, TeamViewer, UltraViewer...) виртуелно се врзуваме за самиот сервер и подесуваме она што треба, без притоа да мораме физички да врземе монитор и тастатура и маус за самиот комјутер.
И доаѓаме до проблемот зошто и комерцијално се продаваат овие dummy plugs. Ако графичката картичка детектира дека нема никаков монитор врзано за неа и се подигне „без монитор“, погодете што дава на излез (слика) ако пробате преку remote апликација да пристапите до компјутерот (серверот)
: црна слика (бланк)
. Пробав со неколку remote апликации, само TeamViewer ми даде слика, но него не сакам да го користам од други причини (има временски рестрикции на сесија ако се врзете за компјутер кој е во domain... а и ред други рестрикции кои ме нервираат). Колку што успеав да установам зошто е ова вака, но само со TeamViewer, увидов дека TeamViewer „инсталира“ некој си виртуелен монитор врзан за HDMI и „као се си функционира“. Како што веќе наведов, пробав монитор да врзам и за HDMI откако оперативниот систем се подигна (значи и POST и се е веќе поминато) и на излез не ми даде сигнал... не ми е јасно како ова успеа да го постигне TeamViewer
. Во секој случај, TeamViewer не ми е во комбинација како remote access апликација бидејќи често треба и со часови да бидам remotely врзан за машината, а не секоја сесија (со free верзијата се разбира) да ми се прекинува на 10, 15 минути и да морам пак да се врзувам за компјутерот
... или па уште полошо, да ти ја прекине конекцијата баш кога пробуваш, подесуваш или тестираш нешто
. Верувајте, ниедна пара не ја купува таа нервоза (барем за мене), а немам намера да има плаќам лиценца кога имам уште сигурно барем 10-тина други опции на располагање.
И така стигнав до решението на овој проблем
. Да, хардверско е, но барем е ефтино (лично јас денар не дадов за да го направам) и функционира
.
Чудово „емулира“ дека има „товар“, т.е. дека има приклучено монитор на VGA излезот од графичката картичка. За да го направите, практично треба да уништите еден VGA кабел (машки-машки, класичен, како за врзување на компјутер со монитор) и добивате два VGA dummy plugs
. За среќа, бидејќи веќе скоро никој не сака да биде врзан за VGA излезот од графичката картичка (сигналот кој се праќа до мониторот е аналоген, што доведува до намален квалитет на сигналот, во однос на дигиталните стандарди, како DVI, DP или HDMI), а по default производителите на монитори сеуште даваат „гратис“ во кутијата во која стига мониторот и VGA кабел (доколку мониторот има VGA влез... ако нема, не даваат ништо
), вакви кабли „фазла“ низ дома треба да има секој кој барем малку се бафта со компјутери, така да, практично барем за конекторите не мора ништо да плаќате
.
Еве колаж од слики од „чудото“
.
Шемата за правење на ваков еден dummy plug е многу проста. Практично ви требаат само три отпорника со вредности од 50 до 150 оми (значи вредноста не е критична, јас искористив отпорници со вредност од 100R) и да ги врзете од R, G и B пиновите на VGA конекторот према маса (GND), толку
.
И еве како изгледа dummy plug-от убаво спакуван назад во оригиналното пластично куќиште
.
Се надевам дека нема да ви треба вакво нешто, за да не трошите време за изработка на вакви хардврски хакови, ама ако случајно ви треба, еве како се прави
.