Имав проблем со тастерот за отварање/затварање на прозор (некогаш функционираше -едвај стискајки го со сета сила, на крај потполно откажа).
Се одлучив самиот да го поправам, бидејќи се работи за доста ретка кола и не можев да најдам соодветен од некоја растурена кола или пак нов.
Доколку имате ваков проблем решението е едноставно и целосно успешно.
Се што ви е потребно е секако барем основно познавање на електроника и секако работа со леткум. Потребен ви е леткум (по можност леткум станица со подесување на температура), секако калај, вакум пумпичка, мал прав штрафцигер, пожелна е пинцета и шмиргла (мокра).
Извадете го проблематичниот тастер од тастатура (конектор од инсталација и пластики во кола) и дома на работа (целиот процес трае околу половина час).
Внимателно одлемете ги пиновите од плочката (употребувајки леткум и вакум пумпа) и извадете ја за да го ослободите тастерот за понатамошно расклопување.
Откако плочката е на страна со прав штрафцигер внимателно откачете ги пластичните жлебови и отворете го тастерот.
Можете да приметите бакарни полуги со контактни папучи. Се работи за четри контакти од лево и четри од десно (спуштање, подигање).
Внимателно повлечете ја полугата кон вас со тоа што ќе ја ослободите за да можете да пристапите до сите контакти.
Можете да приметите дека е настаната оксидација на бакарните контакти која што е и причината за лош контакт.
Употребете мокра шмиргла и изшмирглајте ги овие контакти се додека не добиете чиста основа.
Вратете ги полугите на место и склопете го тастерот. Останува уште само да се залеми плочката. Поставете ја во правилна позиција и проверете дали е убаво легната на пластиката.
Залемете и тоа е се.
Се надевам дека со споделувањето на моето искуство ќе помогнам на некого.