Дувалката е направена со мотор од правосмукалка. На капакот од моторот е заваренa цевка која е исечена под агол за да биде убав протокот на воздух. Електрониката е исто така од правосмукалката.
Капакот на моторот (горниот дел) беше поголем од пвц цевката па затоа цевката е исечена во горниот дел колку да влезе моторот и потоа со пиштол за топол воздух пвц цевката е свиткана кон моторот, за моторот да не може да излезе, да се лизне (може да се види на сликите).
Држачот е исто така направен од пвц цевка и е заштрафен за поголемата цевка. Позади стои капак од еурокрем, на почетокот беше залепен со силиконски лепак но кога го пуштив моторот на max јачина капакот се откачи. Решение за капакот да не може да излезе би било штрафови да се постават.
Во делот кај што се перките за безбедност треба да се постави заштита како на пример мрежата од кујнска цедалка и сл. Друго во зависност дали дувалката ќе ја држите со десна или лева рака, перките од моторот треба да се насочени во спротивна насока од вашето тело (don't underestimate the power).
Во видеото подоле може да се види и слушне моќноста и бучноста на дувалката.