Во право е batka, ако акумулаторот повлече повеќе струја, можно е да го изгори полначот. Како што пиша, твојата комбинација е добра (со полнач за лаптоп), но само за дополнување, не и за полнење, пред се поради тоа што SMPS напојувањата не поднесуваат многу големи варијации во максималната излезна струја. Од друга страна, гарантираат стабилен излезен напон до декларираната максимална излезна струја. Не дека не може да се оптовари и малку над таа максимална вредност, може, но тоа е навистина малку повеќе (на пример, деклариран е за 3A, повлечеш 3.3, 3.4A) и тоа за многу кратки временски интервали (дел од секунда), никако континуирано. Затоа SMPS не би било баш најдобра комбинација за полнач за акумулатори... или би била, но би требало да биде екстремно наддимензионирано SMPS напојувањето (да има дупло поголема максимална излезна струја од онаа што би ја повлекол акумулаторот кога би бил екстремно празен), што е практично тешко изводливо, а и скапо :S.