Author Topic: Уште една DIY кинеска лемна станица  (Read 6803 times)

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Re: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #15 on 28.08.2018, Tuesday, 16:36:55 (Edited 28.08.2018, Tuesday, 17:09:57) »
Бидејќи кабелот од рачката до GX16 конекторот е краток (околу 60см), планирам да го заменам со подолг и многу помек кабел за да имам удобност во работа.
Овој фабричкиот кабел, ај едно што е краток туку и е доста крут и кога лемам поситни компоненти знае и те како да смета во работа.

Прашањето ми следно:
1. Заради термопарот и воопшто контролата на температурата, дали ќе биде потребно повторно калибрирање на контролерот бидејќи претпоставувам со подолг кабел ќе се смени отпорноста на термопарот од рачката до GX16 контекторот?

2. Која максимална должина на кабел може да биде без да се наруши правилно работење на станицата?



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Хммм... можно е да треба мала рекалибрација, ама тоа се зависи од дебелината на жилите во кабелот. Ако се прилично дебели, најверојатно нема да има потреба за рекалибрација.

Максимална должина на кабелот... дискутабилно, но се што спаѓа во некои нормални граници, метар до два, ќе работи без проблем ;). Нели, се претпоставува дека лемната станица ти е тука некаде, во близина, а не кај комшијата дома ;D.

Не знам точно која беше должината на кабелот јас што го ставив на лемната станица што ја правев, копијата на Hakko 936, но се мислам дека беше нешто над метар... 1.2 метри или тука некаде. Сеуште ми се немаат пожалено дека нешто не работи како што треба :).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Соодветен да е пречникот по мое видување, тамо нема високофрекфентна наизменична струја како сигнал на пример па не би требало да имаш проблем. Сепак уврти ги жиците што се на термопарот ако правиш сам кабел или може коаксиален ќе биде подобар. Следи ја температурата на прво пуштање ако имаш инструмент.