Author Topic: Функциски генератор со MAX038  (Read 2541 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Функциски генератор со MAX038
« Opened on 19.05.2018, Saturday, 00:12:40 »
Шемата е од Elektor. Проектот е двоен, функциски генератор и фреквенциски броител (frequency counter). Опсегот во оригиналната шема е од 10Hz до 10MHz, но со промена на C1 до C6 може да се постигне и поголем или помал опсег бидејќи MAX038 може да генерира сигнали од 0.1Hz до 20MHz.

Решива да ја ставам шемава бидејќи ова коло online веќе може да се најде за релативно мала сум на пари (за околу 5 долари), а реално станува збор за интегрирано коло кое е одличен аналоген функциски генератор. Не знам дали се оригинални верзиите кои се продаваат на ebay и останатите сајтови (најверојатно не се, копии се), но не мислам дека е ова преголем проблем... често Кинезиве знаат да направат и добри копии ;).

Фреквенцискиот бројач е веќе навистина outdated, така да, слободно може да се занемари како проект (освен ако некој не е носталгичен по аналогните фреквенциски бројачи ;D). Ме мрзеше да ја прецртувам шемата само на функцискиот генератор. Ако имам време во иднина, можеби ќе ја прецртам. Сега за сега, само малку го корегирав делот кој е наменет за фреквенцискиот бројач.



Слични шеми може да се начекаат online со истото коло, но најчесто без frequency sweep опцијата ;). Во оваа шема предвидена е и таа опција, како и за екстерена контрола (VCF). Има и некои други предности овој дизајн пред некои други кои може да се најдат online, како што се баферирани влезови и излези (за да го елиминирам IC5 од шемата, морав да го извадам баферот од SYNC излезот ;D), така да, може да ја користите и како референтна точка за некој ваш дизајн... јас барем би играл така ;).

Code: [Select]
http://app.box.com/s/acckcnoh7spkqwel3gku9p83wohdn0uv
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/396EBA3983434EB6AB5B3B72A0493FB6W
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."