Првин да се изјаснам за опомените кои се однесуваа на претходниот мој пост.. Кога постирам од систем различен од Виндовс, користам онлајн конвертор од латиница на кирилица, па често настануваат грешки при копирање или конверзија (некое кј нема да стане ќ и сл.) кои дополнително се трудам рачно да ги корегирам, но секако ќе пропуштам некоја.
Пиши кој оперативен систем го користиш, ќе направиме туториал како да поставиш кирилична поддршка.
И да, инсистираме на кирилична поддршка, но сметаме дека е логично дека имиња на брендови, модели, софтер, што и да е, треба да се пишува со писмото со кое е оригинално напишан производот... како на пример
Виндовс, кој дури и по книги не се пишува со кирилична транскрипција, туку се пишува на латиница, т.е.
Windows, исто како што
Linux сигурно не би го пишал
Линукс или пак
FreeBSD не би го пишал
Фрии Б.С.Д. или (не дај боже
) да пробаш да го преведеш во
Слободен Б.С.Д. .
Сметам дека е крајно ГЛУПАВО да се опоменуваме за 1-2 па макар и 5 погрешни букви.
Не ги броев, но сигурно беа повеќе од 5... тоа може да ти гарантирам, затоа и го пишав она што го пишав (правилата). Навистина да беа една или две, немаше никој, ни јас, да направи проблем.
Вакви грешки среќаваме дури и во стручна литература, а јас не сум лектор ниту пак планирам да губам време да лекторирам не-формални пораки и да корегирам печатни и ненамерни грешки.
Апсолутно, тука нема збор дека такви грешки има насекаде, дури и во книгите... ама не во секоја втора или трета реченица.
Ни јас не сум лектор, ама ете забележав дека имаш повеќе грешки на секоја втора или трета реченица.
А тоа дали планираш да трошиш време или не за корекции... тоа е целосно твој избор. Никој не приморува никој на ништо, особено не тука (на форумов). Секој е тука доброволно.
Ако планираш да ја продолжуваш дискусијава, цитирај што мислиш дека треба да се цитира и пиши во Случајни муабети.
GigaWatt, класични декодери, ДАЦ/АДЦ и сл. ќе најдам и по некој џеб Но не бев сигурен за какви чипови зборуваше.
Мислев на RF модули за single board компјутери. Ги има за Arduino, а и за многу други single board компјутери. Само треба да прочепкаш малку, да прочиташ спецификации, итн. Како што пишав, практично и нема што не прават и продаваат Кинезиве
.
Мислам дека ова ќе го остварам (редоследно) со нископропусен филтер, операциски засилувач и вградениот АДЦ од ардуиното - сето тоа во непосредна близина на самата антена, а податоците ќе се пренесат со УСБ до компјутер каде што ќе се претстават графички. Ова би било прва фаза која ќе има цел да прикаже дали е успешно издвоен бараниот сигнал и колку има влијание околината/употребената опрема.
Edit: Еве еден капацитивен бесконтактен ЕЕГ сензор проследен со детален технички опис и експериментални резултати.
http://isn.ucsd.edu/pubs/embc09_eeg.pdf
Сам си најде одговор
. Ете, гледаш имало такви модули
.