Author Topic: Уред за заштита од комарци (дефект)  (Read 10933 times)

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Баш заради тоа и не го излив целосно, не бев сигурен како ќе помине на тест инаку доста црврсто е и вака (силикон како силикон). :)
А можеби ќе пројде и со гипс, само како што кажа @bicikle погоре мора да се убаво исуши најмалку еден ден или два, јас изгледа бев нестрплив па затоа и рокна отпорникот. :D



Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Една финта да ти кажам - земи сода бикарбона ( поголема количина) Стави го отпоникот во калапот и дополни со сода бикабона до горе!
Стави десетина капки од брзиот лепак врз содата во  количина да се пополни калапот.Кога ке се стегне, смесата е појака од гипсот, а одлично трпи и температура! Сум правел од цекас жица мали отпорници за излезни транзистори на овој начин.

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Фала батка,
ја знам методата со сода бикарбона и брз лепак, дури и помислив така да го направам но во овој случај не знаев дали е термопроводлив и ако нешто тргне по зло, дали ќе можам да го ископам од каналот.
Сепак добро е да се знае дека може и вака. :)



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да, смесите со супер лепак (а мислам и самиот супер лепак) не се проводни. Од друга страна пак, не знам колку добар проводник на топлина е, ама сум лепел ладилни тела за чипсети, немало проблем ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."