Како операцискиот засилувач работи и како се користи:
Значи како прво операцискиот засилувач треба да биде приклучен на напојување. Операциските засилувачи користат симетрично напојување што значи напојување кое е составено од две напојувања кои се поврзани на маса и тоа едното дава позитивен а другото негативен напон. Операциските засилувачи можат да работат на широк дијапазон на напони од +- неколку волти па се до +-30V.
Вака поврзан операцискиот засилувач може со употреба на пасивни електронски компоненти (отпорници и кондензатори) да се користи како:
- компаратор
- неинвертирачки засилувач
- инвертирачки засилувач
- диференцијатор
- интегратор
КомпараторНа следнава шема е поврзан операциски засилувач во функција на компаратор:
Компараторот работи на следниот начин: Доколку на влезот се донесе дури и малку позитивен напон на излезот ќе ни даде позитивен напон +Vs а доколку на влезот се донесе дури и малку негативен напон на излезот ќе ни даде негативен напон -Vs.
Неинвертирачки засилувачНа следнава шема е поврзан операциски засилувач во функција на неинвертирачки засилувач:
Неинвертирачкиот засилувач е засилувач кој на излез го следи поларитетот на сигналот од влезот, значи доколку имаме позитивен сигнал на влезот имаме позитивен засилен сигнал на излезот и обратно. Засилувањето на самиот засилувач (колку пати) го регулираме со односот на отпорниците R1 и R2 и тоа засилувањето е еднакво на 1+R2/R1. Овде нормално треба да се напомене дека сигналот се носи помеѓу влезот и масата а на погорната шема заради поедноставување не е нацртано напојувањето на интегрираното коло кое се подразбира.
Инвертирачки засилувачНа следнава шема е поврзан операциски засилувач во функција на инвертирачки засилувач:
Инвертирачкиот засилувач е засилувач кој на излез има обратен поларитет од сигналот од влезот, значи доколку имаме позитивен сигнал на влезот имаме негативен засилен сигнал на излезот и обратно. Засилувањето на самиот засилувач (колку пати) го регулираме со односот на отпорниците Rf и Rin и тоа засилувањето е еднакво на 1+Rf/Rin.
ДиференцијаторНа следнава шема е поврзан операциски засилувач во функција на диференцијатор:
Диференцијаторот работи на следниот начин: Доколку на влезот се донесе сигнал кој споро се менува (има ниска фрекфенција) кондензаторот има време да се полни и да се празни и со тоа сигналот многу малку го пренесува кон влезот и тој скоро воопшто не се засилува. Доколку пак на влезот се донесе сигнал кој брзо се менува (со висока фрекфенција) кондензаторот нема време да се полни и да се празни и со тоа сигналот се пренесува непречено кон влезот и тој се засилува. Ова коло најчесто се користи како филтер пропусник на високи фрекфенции.
ИнтеграторНа следнава шема е поврзан операциски засилувач во функција на интегратор:
Интеграторот работи на следниот начин: Доколку на влезот се донесе сигнал кој споро се менува (има ниска фрекфенција) кондензаторот што е поврзан од излезот кон влезот тој сигнал многу малку го пренесува кон влезот и со тоа делува како многу голем отпорник и операцискиот засилувач тој сигнал многу го засилува (нели засилувањето зависеше од односот на влезните отпорници а кондензаторот за одредена фрекфенција на наизменична струја се однесува како отпорник). Доколку пак на влезот се донесе сигнал кој брзо се менува (со висока фрекфенција) кондензаторот тој сигнал го пренесува многу и со тоа делува како многу мал отпорник и операцискиот засилувач тој сигнал многу малку го засилува. Ова коло најчесто се користи како филтер пропусник на ниски фрекфенции.