Јас го симнав, ама изгледа нешто не е во ред до dump-от, големината му е 6.X MB, а EEPROM-от/Flash-от собира 8MB. Кога ќе го исчиташ, треба големината да му е толку, без разлика какви податоци има во него. Ти правиш binary copy од податоците во чипот.
Ќе го post-ирам ако сакаш, ама најверојатно нема да работи, а и програматорот можно е да не сака да го испрограмира поради различната големина на податоците.
А нели ти проработил со dump-от од elektroda.pl? Добро ти пиша Toma, само влези во сервисно мени и види дали има mirror или vertical flip опција.