Најпрво би сакал да се извинам но некако најсоодветно место за поставување на моето прашање ми беше оваа категорија, доколку мислите дека може да оди на друго место слободно преместете ја темата.
Моментално развивам некој мој GPS Tracker за велосипеди и мотори кој што планирам да го пуштам во употреба, односно да може секој да си го купи и да следи каде е неговиот велосипед, мотор итн. колку км изминал во одреден период, каде најчесто се движел...
Уредот е правен во комбинација од готови компоненти како Arduino, GPS module, OLED display.
Прашањето ми е: Дали за ваков тип на уреди потребна е некаква дозвола за продажа или некакви сертификати кои треба да се извадат за уредот ?
П.С: Уредот е наменет за МК пазар.
Сите информации околу пуштање на електронски уред во продукција се добредојдени!