TraID е корисно мало уредче за брзо откривање на распоредот на изводи кај транзисторите. Секогаш е до мене кога работам нешто и кога не сум сигурен околу распоредот на изводите на некој транзистор пред да го залемам на плочка. Го направив „да се најде“, ама излезе да го користам многу почесто отколку што мислев.
Иначе оригиналниот проект е од овде, со тоа што јас си дизајнирав своја плочка:
http://www.electronics-lab.com/project/traid-transistortype-polarity-identifier/
Шемата и изгледот на плочката:
Готовиот уред:
Иначе целиот уред работи на една CR2032 литиумска батерија од 3V, нема потреба да се става прекинувач бидејќи по 30-на секунди неактивност автоматски се исклучува и оди во sleep mode. Пикот треба да биде LF верзија за да работи на овој напон. Лед диодите препорачувам да бидат 3mm, low current (од сјајните).
Шема во поголема резолуција, плочка и hex фајлот се закачени најдоле.
Кој нејќе да се замара да прави може да си нарача готов уред (бр.44) или само програмиран пик
:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13299.msg119939#msg119939