Луѓе, не знам што да ви кажам, нарачајте си од Кинезиве на ebay, господ да ве види
. Јас па оригинал купив, не ми се погоди... две од Кинеските копии на Dremel купив, и двете се џам... спијат
. Да, едната (постариот модел, мојата) има мал проблем со греење на лагерот, ама далеку од страшно е тоа, почнува да грее само ако континуирано ја користиш 7, 8 минути... а ретко ја користам толку долго.
На крајот на краиштата, ако не ви праи ќеиф, секогаш може парите назад да си ги вратите... за разлика од гравирка или било кој алат ако го купите кај нас
. Така беше и со мојата оригинал Dremel 300 гравирка... ексцентар има, ја носам на сервис... ми викаат исправна е
... им викам, да, ама има ексцентар, тресе... прво пробаа будала да ме направат, као демек еве, супер си работи, му викам ај стави ја на максимум, ја стави и кога почна да бучи, тресе, некоја резонантна фреквенција погаѓа, абе буши уши... ми викаат, ништо не можеме да направиме, званично е исправна, работи...
... ај да не почнам сега да пцујам мајки, шајки, итн... тоа ти е, Македонија
.
Тресењето ќе си го решиш со нови лагери, да ги набијаш како што веќе ти кажаа И од ко ќе ја склопиш гравирката, на крајот од цилиндричниот дел кај шо почнува конусниот дел према врвот ќе си стаивш метална стега за црево со шраф шо се стега, земи со Ф60-70mm и монтирај си ја, со усул стегни само и ќе биде топ. Испробано
Не е лошо, ако веќе го правиш ова, да ставиш од гумата од велосипед и под стегата
.