Ова колото случајно ми дојде до рака, па решив да го искористам
. Станува збор за ISD1420P кое овозможува снимање звук во времетрање до 20 секунди, инаку постои цела плејада кола од оваа серија, некои од нив овозможуваат и до неколку минути снимање.
Ева ја и шемата, таа е универзална за сите кола од ISD14xx серијата:
(повеќе детали околу шемата и колото може да се најдат во даташитот кој може бесплатно да се најде на интернет)
Наместо отпорникот R9 од 1к ставив 220оми. Звучникот треба да е 16 омски, но бидејќи таков потешко се наоѓа може да се додаде отпорник од 8,2оми сериски со звучник од 8 ома при што звукот ќе биде нешто потивок. Снимањето трае додека се држи притиснат тастерот RECORD, при што свети лед диодата, додека репродукцијата на снименото се врши со тастерите PLAY E и PLAY L. Снимениот звук е чист и јасно разбирлив. Напојувањето на колото е 5V.