Author Topic: Проблеми и решенија за новите Green и Red дискови на Western Digital  (Read 9524 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
На цинолот не му е место во електроника, иако има некои што го користат при калаисување жици и сл. и се воодушевени колку добро се „прима“ калајот со него, но тоа воодушевување брзо им поминува кога по некој месец ќе видат како сите споеви им се кородирани... :D

Го бришам веднаш потоа, не го оставам да седи на површината на плочката ;).

Да не зборам за отровните облаци чад што ги прави секој пат кога ќе го допреш со леткум.

Тоа можеби, не сум бил информиран.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблеми и решенија за новите Green и Red дискови на Western Digital
« Reply #31 on 03.08.2017, Thursday, 22:46:06 (Edited 04.08.2017, Friday, 00:30:00) »
Правев муабет за Цинолот. Освен Цинол, калафониум и RM-232, немам користено други пасти и флуксови.

И не, со Цинол никогаш не сум имал проблем и не ми менувал боја калајот. Не сум пробал по години и години да отворам некој уред, бидејќи не ми се расипал па да го отворам, ама не сум наишол на некој кој се пожалил дека уредот не му работи, а јас претходно сум го правел и сум користел Цинол, да го отворам и да видам изгризани водови или да е изгризана заштитата на водовите. Како што пишав, веднаш потоа остатокот сум го бришел.

А и не го користам премногу често, само ако некаде ептен не сака да фати калај (железо на пример, потешко фаќа бидејќи најчесто се калаисуваат големи површини), само во такви ситуации користам.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Па калофониумот е 50-60 денари 30-тина грама, што значи не е скап, а што вели батка не се ставаат грутки кога лемиш. Ем не е штетен по здравјето.
Гига на пр. ако лемиш лицна жица внатре под изолацината ( пвц-то ) ќе влезе цинолот и ќе зезне работа. Или да е смд дел ќе влезе под самиот смд дел и со тек на време пуздер ќе направи. Кога лемев прв пат со цинол имаше огномет, не знаев дека е спроводлов, мислев е како калифониумот па изви осигурачот.
Е сега, малце далеку е муабетов од хдд, али сите контактори како папучите на пр. кои се наменети за поекстремна примена т.е. се експлоатираат " надвор" односно се изложени на атмосверски влијанија гледам дека се пунктирани и со хидро-изолација.
Да се вратам на хдд. Иако хдд се наоѓа во куќиште и не е наменето да го врне дожд сепак е изложено на атмосверската влага и сепак кородира. Не знам, и никало не ми е јасно зошто електрониката од хдд е така оставена отворена без никаква заштита ни од краток спој доколку се допре до куќиштето на пример. Едно поклопче да стајле хдд ќе неа многу по заштитени. Па ако беше уште пластифициран алуминиум и ладење екста ќе имаа.
Инаку калофомиумот се раствара со изопропил алкохол колку што јас знам ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Абе луѓе, не лемам SMD со Цинол, се знае, тоа само со RM-232 оди... или некој поскап флукс, ама не работам SMD со Цинол ::) :D.

А за жици, мука немаат, до сега сум го користел не знам колку пати за дебели жици, немало никаков проблем.

Јас не знам каков Цинол користите вие... ако не, да сликам, да ви го покажам оној кој го користам јас, да не се разликува нешто мојов до другите... не знам. На овој на Српски на латиница пишува Цинол. Бела туба е со црвени, жолти и црни линии (шари) на неа, има црвено капаче.

Калафониумот го растворувам во обичен алкохол, најдобро 96%, ама може и во медицински (70%).

А околу дизајнот на дисковите... намерно се прават такви за да купуваш нови. Освен тоа, во случаен муабет со еден колега, му спомнувам дека имам видено машини донесени од странство, кај нив не се јавувала таква оксидација на контактите, ми спомна дека кај нас воздухот имал некој сулфид во него, ги оксидирал брзо... колку е ова точно, не знам, ама навистина имам видено и brand name и склопувани машини од странство, баш и дисковите ги имам расклопувано, чисто ме интересирало во каква состојба ќе бидат... контактите беа далеку од преоксидирани, како во ситуацијата која ја имам опишано (сликано). За прашина, да не зборувам... машини користени 5, 6 години, прашина имаа колку што ќе собере кај нас за два месеци. Ама ние сакаме јамболлии, ќебиња, теписи, тутун... тоа е тоа.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Code: [Select]
https://www.olx.ba/artikal/13643984/cinol-pasta-za-lemljenje/Таа е цинолот што ја знам јас :) Што знам за кабли може многу ставам од пастата, т.е. претежно клемата оксидира ама некогаш знае и кабелот да позелени за некое време ако сум лемел жица што стои надвор.
До негде ми држи вода муабетов со воздухов, овде Скоје пц-то ги чистам мин 1 во годината, Кичево на 3-4 години. А навиката за јамболии ми е оста о вамо и тамо :) ме боцкаат и не ги користам :)
П.с. инаку темава околу флуксот мислам е ок, мада имаше туторијало за лемење, али мој предлог да си напрајме тема за флукс, таман и ќе се префрли тамо муабетов и ќе размениме мислења/ искуства.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Отворете си нова тема, дискутирајте си таму, не можам сега да сечам, преправам и кратам, до каде стигнал мубетот стигнал, ако треба нешто од тука, ставете линк. Секоја втора тема попара е направена, од една во друга насока отидена, не можам и со тоа да се замарам.

Поентата беше, калаисајте ги контактите како знаете и умеете, ќе го продолжите животот на дисковите. Ова не важи само за Western Digital (иако, најмногу они се зезнуваат), туку општо, за сите дискови произведени од 2006, 2007-ма па наваму.

И nsu, не ваќај на post-ов, као демек „ок, ај еве ќе се пребациме, нема веќе тука муабет да правиме, ова она“, се подразбира тоа, затоа и го пишувам post-ов, за да не се тресат off-topic-и веќе во темава. Или ти отвори, или некој друг нека отвори, сеедно, ама не пишувај колку да пишеш. Ако имаш нешто конструктивно да придонесеш во врска со темата (дискови, НЕ лемење), слободно пиши. Во спротивно, нема потреба од коментар.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."