Не, не се грејам на струја. На централно сум (парно), ама догревам понекогаш на струја... некогаш ноќе ако заглавам. Инаку, зимава, бања беше кај мене. Надвор -20, јас по кратки седам дома
. И тоа не е здраво, ама подбро тоа отколку како претходно кога беа Толификација, плаќам парно, а мрзнам
.
Инаку, решен проблем
. Еве слика како изгледа сега
. Ги обележав и фазите, според распоредот кој беше на таблата за осигурувачи
.
Не сакав да сликам како изгледаше претходно бидејќи беше хорор... манџи, празови, кромиди, парчиња храна и што се не имаше на штекерот. Толку беше замастен со се и сешто, што само што ќе го фатиш, со ништо друго не можеш да се измиеш, освен со прашок за перење алишта :S. Но, искрен да бидам... тој дел не е чистен сигурно барем едно 15-тина години, така да, не можеше ни да се очекува ништо друго.