Author Topic: SMPS 12V to +/-35V  (Read 11254 times)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: SMPS 12V to +/-35V
« Reply #30 on 21.07.2016, Thursday, 19:09:47 »
Ако производителот на било каков LED потрошувач го одредил напонот за напојување со самото тоа ја дефинирал и струјата које треба да тече во LED потрошувачот и притоа и препорачал (предвидел) извор за напојување на истиот. Ако изворот е со пропишан напон за тој LED потрошувач, тогаш без разлика на неговата моќност (во ампери), и да има и можност за поголема струја, LED потрошувачот ќе си консумира толку колку му е потребно или толку колку што зависи од тоа колку е вкупната моќност на LED потрошувачот !

Струјата ќе се зголеми само ако се зголеми пропишаниот напон на LED потрошувачот.
Тоа е моето мислење ако грешам исправете ме.

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Clear Sky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
  • Gender: Male
  • Се шо се прај е убоо!!!
Одг: SMPS 12V to +/-35V
« Reply #31 on 21.07.2016, Thursday, 19:54:32 »
Дали ова SMPS или било кое друго SMPS може да се користи како драјвер за 2x100W LED, ако излезниот напон се прилагоди на потребниот од 32-35V? Готовите драјвери во споредба со ова се релативно поскапи.
Мислам дека прашањето ми беше јасно  ;D  ;D  ;D
Требаше во друга тема можи да прашам ама ова SMPS најмногу ми одговара за правење затоа  :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: SMPS 12V to +/-35V
« Reply #32 on 22.07.2016, Friday, 00:26:51 (Edited 22.07.2016, Friday, 13:53:29) »
Колеги ме изнасмеавте повторно еј бев малце неарен деновиве некои здравствени тегоби ама вака сега се расположив ептен ;D ;D ;D
Ако производителот на било каков LED потрошувач го одредил напонот за напојување со самото тоа ја дефинирал и струјата које треба да тече во LED потрошувачот и притоа и препорачал (предвидел) извор за напојување на истиот. Ако изворот е со пропишан напон за тој LED потрошувач, тогаш без разлика на неговата моќност (во ампери), и да има и можност за поголема струја, LED потрошувачот ќе си консумира толку колку му е потребно или толку колку што зависи од тоа колку е вкупната моќност на LED потрошувачот !

Струјата ќе се зголеми само ако се зголеми пропишаниот напон на LED потрошувачот.
Тоа е моето мислење ако грешам исправете ме.


Значи сакав уште прееска да му одговорам на милеров ефект дека тоа врска нема но еве тома по убаво по добро по смирено го дал одговорот тома е сосема во право и после ваков одговор и вакви факти се поништува тоа со струјата напонот ја пропишува струјата
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: SMPS 12V to +/-35V
« Reply #33 on 22.07.2016, Friday, 08:58:58 (Edited 22.07.2016, Friday, 09:01:10) »
Мислам дека прашањето ми беше јасно  ;D  ;D  ;D
Требаше во друга тема можи да прашам ама ова SMPS најмногу ми одговара за правење затоа  :)

Да, би требало да може, под услов да го знаеш напонот на напојување на 100W-ната комбинација на LED диодите. Најверојатно се врзани во групи сериски и паралелно, така да, ако се фабрички произведени вака, би требало да има datasheet во кој е дефиниран овој напон. Најчесто има и една U-I крива која нагло почнува да расте ако се премине определена вредност на напонот, така да, гледај да не ја преминеш, бидејќи потоа нагло почнува да расте струјата низ LED диодите и промена од дури и 100mV може да доведе до зголемување од 1A (зависи од бројот на LED диоди, колку е моќна една LED диода од матрицата, итн.). Најсигурно е ако во серија со целата конструккција поставиш и еден отпорник со мала вредност (ќе си пресметаш врз база на напонот на напојување на матрицата, максималниот напон по кој нагло почнува да расте струјата низ матрицата од LED диоди, итн.). Не е препорачливо вакви конструкции да се напојуваат со фиксна вредност на напонот од SMPS-от. Но, ако напојувањето има feedback за јачината на струјата која тече низ LED диодите (коку што знам, оваа конструкција нема опција за feedback од потрошувачот), слободно може напојувањето директно да се врзе за матрицата од LED диоди. Самото напојување ќе си ја контролира јачината на струјата низ LED диодите (ако е направено специјално за нив и нивната напојувачка крива, U-I крива).

Претпоставувам сакаш LED рефлектор да правиш ;). Едно мало предупредување, не гледај директно во рефлекторот, може перманентно да ја оштетиш ретината на окото. Еднаш несакајќи кратко погледнав директно во 10W-на LED диода, гледав бела точка цел ден ;D, дури нареднот ден ми се вратија очите во нормала. Колку што знам, фабричките LED рефлектори имаат заматувачи и некои други дифузери поставено во самата конструкција на рефлекторот, така да, кај нив опасноста од вакво нешто е сведена на минимум.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: SMPS 12V to +/-35V
« Reply #34 on 22.07.2016, Friday, 19:59:20 »
Целиот офтопик е префрлен овде:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1278.msg118203#msg118203
Оваа тема нека остане само за SMPS...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio