П.с. Гига ако инвестираш во донар инвертер/парно било што и не баш дека губиш, макар следната година да ти текне да се селиш верувај дека ќе ти се исплати инвестицината. Еве се продаваат два идентични објекти, едниот со клима другиот без, со соодветна разлика во цена. Која би одбрал? А да речиме еве тебе ти се брза да одиш германија, уса... било каде. Е сега бидејќи си на централно, веќе го имаш адутот...
Не гледам поента да инвестирам, прво, ако за брзо време планирам да се селам. Искрено, не дека сега одма во план ми е да си одам од МК, ама дека би сакал да си одам, да, дефинитивно. Така да, не знам колку ќе ми се исплати оваа инвестиција... дури и да не бев на централно. Ако имам некоја идеја/план да си одам, значи работам на тоа или чекам погодна ситуација/понуда. Ако дојде, не му ја мислам многу. И, ако сум инвестирал, дури и да не сум на централно, за што сум инвестирал? За потоа да го продадам? Епа извини, не планирам да фрлам пари за нешто за потоа да го продадам за половина или третина од цената која сум го земал. Подобро ќе ги фрлам дел од тие пари за струја и нешто друго што во меѓувреме би ми требало. А освен тоа, ова и не е баш така мала инвестиција. Мене платата не ми ја даваат за цела година наеднаш, па да може да инвестирам во вакво нешто „туку така“. Треба да штедам или да подигнам кредит, а немам намера за ваква работа да го правам ни едното и другото. Ако ми студи, ќе си си облечам џемперче и тоа е тоа.
Второ, кај нас понудите за вакви работи се секогаш катастрофа. И сам знаеш што ѓубре се носи кај нас. Ретко да нечакаш нешто квалитетно... па треба да се бафташ, да бараш, да се шеташ... повеќе пари ќе истрошам на шетање отколку на самата клима и зошто, на крајот да земам нешто што мислам дека е ОК... не добро, само ОК.
Неповрзано со претходниов муабет, не знам дали кај Амит во Сингелиќ (Ченто) носат стари клими/инвертори. Не е лошо да се провери дали носат. Од таму имам земено многу работи, ретко од нешто да се пожалам. Последна работа беше машина за перење Miele. Тие се како Ролс Ројсови во машини за перење. 12 илјади ја платив, ама... скоро нова беше. Само еден проблем имаше со drum light-от (има една сихаличка внатре во бубањот, свети кога ќе отвориш врата за да гледаш внатре во бубањот дали ти останало нешто по перење, да не си заборавил некое чорапче, прслуче
), откако ќе се запали, по 10, 15 секунди се гасеше и почнуваше да пишти целата машина и на дисплејто пишуваше "Drum light error" и не даваше ништо да избереш од менито за перење. Изгаси ја, пушти ја пак, нема проблем, ама треба брзо да ја полниш за да не го јави пак тој error или евентуално да ја полниш изгасена, па да ја пуштиш, веднаш да ја затвориш вратата, за да се изгаси сијаличката, па потоа да избереш програма. Ми се смачи од овие заеб*нции, само го извадив конекторот за drum light од control board и... нема проблем. Најверојатно ова се сметало како „фабричка мана“ во Германија, па затоа и ја дале скоро нова, ама што ми е гајле за една сијаличка, битно се друго е коска. Таква машина за перење кај нас би чинела 700, 800 евра, можеби и повеќе, а не знам дали квалитетот би бил ист како Германските. Затоа мислам дека не е лоша опција и ова да се разгледа. Можеби носат и такви работи (клими/инвертори).
Може планираш за 2-3 год да се жениш на пример, па со тоа и да се преселиш, па климата нема да ти одговара па џабе фрлени пари.
За вакви работи правам муабет. Многу пари за уред кој можеби е квалитетен, добро работи, не троши многу струја, ама џабе ми е се кога се монтира на фиксна позиција. Не можам да го преместам кога сакам. И ако планирам да го селам, треба да го демонтирам, па да ја затворам дупката, па цевките да ги вадам, па каблите, па... више дара него масло.
Затоа, лично јас барем, би инвестирал во најевтина опција. Зимно време, грејни тела, летно време, клима.
Повеќе има логика се инвестира во изолација отколку во квалитетна клима со не знам каков EER. Поскапо е, ама па, освен ако не ја рушиш куќата/зградата, секогаш секој ќе има ќар од таква инвестиција, кој и да живее во таа куќа/зграда. И секогаш ќе можеш повеќе на цена да и додадеш отколку ако ја продаваш со екстремно квалитетна клима со огромен EER. Обични смртници не знаат што е тоа EER, само знаат дека се продава со клима станот/куќата.