Ми требаше драјвер за DC мотор - 100V/4A номинални карактеристики. Еве што смислив и изработив :
https://github.com/aleksmk/h-bridge
Слики после.
Споено мислење: [time]07 Декември 2015, 17:19:32[/time]
Споено мислење: 07.12.2015, Monday, 17:24:57
На горната страна е логиката, од долната страна се мосфетите, заштрафени на ладилник.
Некои интересни точки : Драјвер за мосфетите е користен класичниот IR2110S (SMD). Целиот H-Bridge е изработен со N-канални мосфети. Високите страни се побудуваат со посебни изолирани напојувања од 12V, со што се избегнува потребада од креирање на charge-pump конфигурација и постабилна е работата (по-предиктивна).
Контролните влезови се изолирани со оптокаплери, со спецификација на одвојување до 3KV (ќе се користи во индустриска средина). Мосфетите се заштитени према Vgs пре-напони со помош на би-дирекционални диоди со пробивен напон од 16.8V (било што над 15V ќе функционира). Главните „раце“ на мостот се филтрираат со калеми, со што брзите dV/dt генерирани од моторот не стасуваат до мосфетите. Заштитите кон моторот се во форма на распределена snubber конфигурација, составена од напонски супресор + кондензатор на самата плочка и супресор + RC snubber (30R + 100n) на самиот мотор.