Ми треба мала помош во врска со наведениот тв, првобитно има претрпено струен удар, од оние кога снемува струја на секунда и веднаш се враќа, после доаѓањето на струјата, не се вклучувал воопшто, немал ни Standby. Го отворив, имаше изгорен отпорник/осигурувач R615, кој ги поврзува плусот на главниот филтерски кондензатор и првиот контакт од чопер трафото. Во исто време ги променив повеќето електролити во примарен и секундарен дел, ги прелемив STK5706, TDA8139, грецот, транзисторите, ВН трафото, тјунерот и некои други поситни компоненти. Добив Standby, и го вклучив телевизорот преку далечинско, меѓутоа излезе само она зеленото OSD што покажува на кој канал е моментално, и тоа цело пикселирано како со рецки на краевите и мрдаше на сите страни, стои горе десно, ама игра во место не знам како да објаснам
Освен тоа слабо осветлено осд, не се појави ништо, и екранот испушта некоја неподнослива фреквенција што мислам дека не е нормално до тој степен да пишти. По понатамошна проверка по делови, излезе дека потенциометарот за вертикалата, врзан на STV9739 е 7,5 килооми, наместо 10 според шемата, и откако го заменив него, го добив резултатот на сликата, само една тесна хоризонтална линија, и колку и да го штелувам потенциометарот, таа не се менува, го вратив и стариот потенциометар, пак ист случај, хоризонтална линија.
Напоните на STV9739 се офсет, на VSS наместо 24, има 30 волти, со потенциометарот можам да ги спуштам до 29 и тоа е тоа, на IN V при вклучување има 2.7v и после некоја секунда паѓа под 1волт, а одејќи наназад по 24 волтната линија, сфатив и дека шемата не е баш најпрецизна со компонентите, а ни со вредностите, но не можев да најдам поадекватна од оваа.
Блок кондензаторите околу ВН трафото се проверени и се во нормален опсег, буквално секоја диода е проверена и D501 е заменета ради реда, електролитите и едно блокче околу вертикалата се заменети за секој случај, транзисторите се проверени, нема некоја куса врска колку што можев да забележам, поголемите и покритични отпорници се проверени и се до децимала точни.
Катодната цевка се гледа дека свети, не знам колку ви значи тоа, но веројатно е добро да се знае.
Напоните се прилично уредни:
B+ 136 волти, на C плочата има 189.6 и 4.90 волти
На TDA8139 има уредни 5 и 8 волти на краевите, другите не ги ни мерев, а не стигнав ни STK5706 да го измерам, не сакав многу да го малтретирам тв-то така да зуи. Полека почнувам да останувам без идеи, не знам кој пат да го фатам понатаму, па ако имате некој совет, би ви бил благодарен
Service manual:
http://www.mediafire.com/view/26dba46dcpdldw8/kv-m2170a.pdf
Модел: Sony Trinitron KV-M2171K
Шасија: 1-657-783-11 кобајаги BE4b колку што прочитав по нет
Чопер: Orega 40326-35
Tuner: BT-AC401 8-598-331-00
ЕЕРROM: ST24C02CB1
Процесор: SAA5290ZP/014
Слики од ситуацијата и од шасијата: