Најчест проблем се подуените електролитски кондензатори.Отвори го мониторот и види дали на плочката има подуени кондензатори-ако ги има замени ги за соодветни и во 90% случаи мониторот ке проработи.Не е на одмет работниот напон на електролитите да биде поголем од предвидениот,само внимавај на габаритот и поставеноста на електролитите.Ако не е до нив носи го во сервис со оглед дека треба знаење,ама и соодветно искуство за поправка.И не ми е јасно зошто ставате слики: проблемот не се решава со гледање или објаснување како да измериш дали ВФ трафото е изгорено или неонката е прегорена.Потребни се инструменти ,мерења и пред се резервни делови.Некогаш се оди со проста замена за да се установи кварот. Најди некој туторијал на јутјуб за да видиш како практично изгледа барањето кварови и поправката на монитор.Таму повеќе ќе научиш отколку со ставање слики на форумов.