Прашањево е за жал банално... никој за тебе нема да може да одлучи
Еве како стојат работите за ФЕИТ (Електро) :
1. Има нови смерови - т.е. нови имиња на смеровите. Нешто е сменето, нешто прегрупирано но воглавно (како целина) материјалот што ќе се поминува е тој.
2. Електро е ЕЛЕКТРО. Тоа значи дека ќе имаш тешки предмети. Нека не те залажува било кој со друга теза. Ќе имаш математики (сега три на број) - интеграли, калкулус, двојни-тројни, диференцијални равенки, низи, матрици, детерминанти, линеарна алгебра и тон други работи. Ќе има физика, класична, њутнова, оптика, нуклеарна, атомска, квантна. Ќе имаш електротехника - ќе решаваш кружни интеграли, гаусови површини ќе црташ, ќе пресметуваш сила на вртење на генератори - правило на десна рака/три прсти
3. Ќе запознаеш многу луѓе кои што ќе сакаат да го работат она што ти го работиш.
4. Професорите се феноменални (говорејќи за мојот институт - Електроника), не сум сметал дека би можел да запознаам такви луѓе кои што едноставно те мотивираат да продолжиш понатаму и да успееш - научиш.
5. Ќе треба да го грееш газот.
6. Ако сакаш да куцаш кодови - ФИНКИ, чие што знаење не го сметам доследно на човек што ќе треба да се нарекува ИНЖИНЕР.