Случајно го начекав овој лист некаде по дома и решив да го скенирам
. Кој знае од кое пакување на матична плоча се лизнал
. Корисен е бидејќи не мора да барате online како да ги врзете front panel конекторите за USB секој пат кога ќе ви дојде некоја „лева плоча“ без ознаки
. Горе долу, стандардот е веќе скоро кај сите плочи како на сликата 2 (најлогичен е и најголем број од производителите решија да го прифатат како de facto стандард), ама секогаш се наоѓа некој „паметен“ производител
, кој како за инает ќе реши да стави некој свој стандард или некој од другите два (од сликата 1 или 3). Истиот распоред важи и ако сакате да монтирате додатни back panel USB конектори (back panel USB bracket). Се разбира, сликите не важат за USB 3.0 и USB 3.1, само за USB 1.0, 1.1 и 2.0.
Сликата во голема резолуција во PDF и во JPG можете да ја симнете од следните линкови.
https://app.box.com/s/4j63sf564coedu5vgi2vwdt1hou5t40n
https://www.asuswebstorage.com/navigate/s/E84D858BC07945A28163330968EF0150Y
Може како мини постерче да си го испечатите во боја и да си го залепите некаде на ѕид во работилница
.
ПС: Знам, Англискиот е „Кинеско-Англиски“
. Тоа е тоа, не дај боже некогаш да фатите да ги читате поновите user manuals од некои "no name" производители на матични плочи
. Леле мајко, што сакал да каже писателот
. Само повеќе ќе ве збуни
, ќе почнете да се сомневате во сопственото знаење, хахахахаха
.
[attachment deleted by admin]