Author Topic: Hi-Fi засилувач 8W со LT1210  (Read 3067 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Hi-Fi засилувач 8W со LT1210
« Opened on 18.09.2015, Friday, 18:09:44 (Edited 14.04.2018, Saturday, 19:11:21) »
Колото LT1210 е доста фалено по форумите дека има најдобар звук помеѓу сите мали TO220 chipamps, па откако набавив неколку парчиња решив да го испробам. Повеќето од шемите што се вртат на нет имаат и влезен степен со операциски засилувач за да се зголеми gain-от при што се добиваат околу 15W, но бидејќи мене не ми требаше некоја голема излезна моќност, се решив за една руска верзија на засилувач само со LT1210. Гејнот е околу 8, вкупните изобличувања се <0.08% на 8оми во опсегот од 20-20000Hz, мирната струја е околу 30mA по гранка. Вредностите на R4 и R5 и на двата канали треба да се исти (спарени) под 1%. Од неполарните кондензатори С2 треба да е керамички, останатите квалитетни блок-кондензатори. Калемот L1 се мота со лак-жица 0.6mm, во еден слој, колку ќе собере на R6.
Ова е шемата:



А ова е изгледот на плочката, фајлот го има најдоле.
Иначе двете маси од плочката и онаа за звучникот со жици најмалце 0.75mm2 се водат во една заедничка точка, обично на масата од електролитите во напојувањето:



Вака изгледа мојата верзија, знам дека ладилникот е обратно свртен, ама и така е overkill, при нормална работа едвај е млак на допир... ;)







Звукот е одличен, детален, динамичен, со доволно бас. Нека не ве залажува малата декларирана моќност, ова е гласен засилувач, повеќе од доволен за домашно слушање, особено во комбинација со поосетливи звучници... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Hi-Fi засилувач 8W со LT1210
« Reply #1 on 18.09.2015, Friday, 22:20:09 »
Интересно, ова коло воопшто и не е декларирано како аудио коло.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Hi-Fi засилувач 8W со LT1210
« Reply #2 on 18.09.2015, Friday, 23:11:12 »
Точно така, затоа и ме заинтересира... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Hi-Fi засилувач 8W со LT1210
« Reply #3 on 19.09.2015, Saturday, 07:24:10 »
Незнам како е со греењето гледам добро ладњаче си ставил,го немам пробано ова ИЦ тоа што не ме радува на прв изглед е за 8w снага треба лискун и подлошка за штрафчето,сепак за таа снага без да му ја мислиш дали лискунот го имаш или дали е добро монтиран и изолиран,го имаме ТДА 2003 заштрафи и цепај,сепак добро си го дотерал,секоја чест добро  изгледа :)
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Hi-Fi засилувач 8W со LT1210
« Reply #4 on 19.09.2015, Saturday, 10:03:23 »
Како што пишав ладилникот е overkill за овој засилувач, може и многу помал да се стави, јас овој го имав и овој го искористив... ;) Ако го ставаш секој канал посебно на свој ладилник не ти треба лискун, тој е само за да нема врска меѓу каналите... TDA2003 е далеку од споредба со ова ИК... :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio